Амбасадорката на Украина Лариса Дир одржа средби со сопственикот на една од најголемите компании во Република Северна Македонија „ДООЕЛ Витаминка“, Почесниот конзул на Украина Сашо Наумовски и Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчевски.
Македонската страна беше информирана за моменталната ситуација во Украина, за продолжувањето на руските ракетни напади врз цивилната инфраструктура на Украина, за уништувањето на речиси половина од енергетските објекти, што ја усложнува и онака критичната хуманитарна ситуација.
За време на средбата беше договорено продолжување на хуманитарната помош за Украина, конкретни идни проекти и развој на соработката. Покрај тоа, се разговараше и за иницирање на збратимување меѓу украинските и македонските градови.