• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Амбасадорката на Украина Лариса Дир учествуваше на Втората меѓународна конференција „Women in foreign policy“
14 октомври 2022 15:48

Амбасадорката на Украина Лариса Дир учествуваше на Втората меѓународна конференција „Women in foreign policy“, која се одржа под покровителство на Премиерот Димитар Ковачевски и одржа говор за време на панелот „The role of women in times of crisis“.

Лариса Дир: «Воените дејствија продолжуваат и човечките загуби се зголемуваат, како кај цивилното население, така и кај воениот персонал.
Воената агресија на рф против Украина беше резултат на акутни и опасни предизвици за различни групи жени и мажи, меѓу кои раселување, губење на приход и ризик од сиромаштија, насилство, вклучително и сексуално насилство на териториите на Украина привремено окупирани од русија, како и опасноста од трговија со луѓе.
Покрај убиствата и тортурата, руските трупи на привремено окупираните територии на Украина користат сексуално насилство како средство за воени операции.
Механизмот за заштита на жртвите од такво злосторство е речиси невозможно да се спроведе, бидејќи агенциите за спроведување на законот на Украина немаат пристап до овие територии.
Се зголемува бројот на жени кои земале оружје во рака, и за време на војната, заедно со мажите, се наоѓаат на линијата на огнот, извршувајќи борбени задачи, бранејќи ја Украина и Украинците. Во Украина постепено се развива Женското ветеранско движење.
Победата на Украина значи безбедност на целата евроатлантска област. Нема алтернатива за ова. Апликацијата на Украина за влез во НАТО е патот по кој се движи нашата земја во насока на отворените врати на Алијансата. Доколку е неопходно да се преземат мерки за завршување на процесот на интеграција, Украина е подготвена да ги преземе, за да се елиминира нуклеарната уцена, да се спречи загубата на човечки животи и да се запре уништувањето предизвикано од агресијата на руската федерација».

✅Во своите говори, речиси сите учесници на споменатиот панел обратија внимание на уништувачките последици од руската воена агресија врз Украина, како и на растечката улога на жените во време на криза, донесувањето на клучни одлуки токму од страна на жените во најтешки ситуации.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux