Денес Украина го одбележува исклучително важниот празник - Денот на Независноста на Украина!
Веќе точно 6 месеци Украина продолжува да се бори против руската брутална агресија врз украинскиот народ. Украинците ширум светот демонстрираат единство, патриотизам и сила на сопствениот дух, со која задолжително ќе победиме! Целиот цивилизиран свет ја поддржува Украина во борбата против агресорот русија!
На овој ден, Амбасадата и
Здружение на Украинци во Македонија “Лесја Украинка” се приклучија на меѓународната иницијатива за поставување рекорд за истовремено изведување на Националната Химна на Украина, одржаа мирен марш „Марш за слобода“, се вклучија во акцијата“The Free World Gathering“. На овие настани се приклучија и македонски граѓани, претставници на дипломатскиот кор во Северна Македонија и странските заедници во Скопје.
Ви благодариме на сите за поддршката! Честитки за празникот! Слава на Украина!