• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Статиja на Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир "Трајниот геноцид на кремљовскиот режим"
17 ноември 2025 13:37

Посилання/линк - https://civilmedia.mk/trajniot-genotsid-na-kremlovskiot-rezhim/ 

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

Помалку од еден месец не дели од одбележувањето на 77 години од усвојувањето, на 9 декември 1948 година, на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид.

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на злосторството геноцид, оддавање чест на нивното достоинство и спречување на ова злосторство (International Day of Commemoration and Dignity of the Victims of the Crime of Genocide and of the Prevention of This Crime) беше прогласен со резолуцијата 69/323 на Генералното собрание на ОН од 29 септември 2015 година.

Еден ден за сеќавање на жртвите на геноцидот – и 1360 дена на вршење геноцид од страна на Руската Федерација врз Украинците.

Секој ден, Руската Федерација изведува ракетни и дрон-напади врз станбени згради на Украинците, уништува енергетска инфраструктура оставајќи луѓе без светлина и топлина, ги подложува воените заробеници и цивилите што се во руски заробеништво на тортура, и насилно депортира и киднапира украински деца.

Според Конвенцијата, геноцид значи какви било од следниве дејства извршени со намера целосно или делумно да се уништи национална, етничка, расна или верска група како таква:

a) Убиство на членови на групата;

b) Предизвикување сериозни телесни или ментални повреди на членовите на групата;

c) Намерно создавање услови за живот на групата со цел нејзино физичко уништување во целост или делумно;

d) Преземање мерки за спречување на раѓања во групата;

e) Насилно префрлање на деца од групата во друга група.

Конвенцијата, секако, предвидува и одговорност и казнување на лицата кои извршиле геноцид. Понатаму, Меѓународниот кривичен суд има надлежност, меѓу другото, и за злосторството геноцид. Дефиницијата на злосторството геноцид во Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд фактички е задржана во истата форма како во Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид.

Тоа значи дека постои меѓународно-правна рамка создадена со цел да се спречат злосторствата геноцид. Постојат заеднички обврски на државите и меѓународните институции да ги гарантираат човековите права, да се спротивстават на дискриминацијата и омразата, да го зајакнуваат владеењето на правото како темел за превенција на злосторства што ги загрозуваат основите на човечноста, но:

Руската Федерација продолжува со систематски и намерни убиства на цивилното население, намерно создавајќи услови за живот кои предизвикуваат огромни страдања на украинскиот народ и кои имаат цел целосно или делумно уништување на украинското население. Тоа води кон физичко истребување на населението во бројни украински населени места преку блокади, спречување на хуманитарна помош и евакуација на цивилите, заземање и намерно уништување на инфраструктура што обезбедува основни потреби (особено во зимскиот период).

Руската Федерација продолжува со присилно префрлање на украински деца на територијата на Русија и нивно давање на згрижување во туѓа средина со цел уништување на нивниот национален идентитет како Украинци.

Руските окупатори намерно насочуваат воени дејства против цивилното население и објекти под посебна заштита – болници, породилишта и перинатални центри, училишта и детски градинки.

Веќе четврта година по ред, Русија создава услови што имаат за цел физичко уништување на населението на Украина. Украинците се бранат, се борат, пружаат отпор, и се благодарни за поддршката и помошта на демократскиот свет во оваа борба. Истовремено, секојдневно апелираат да се создадат такви меѓународни услови при кои државата-агресор Русија би била лишена од ресурсите што ја хранат нејзината машина на војна.

Меѓу инструментите што го запираат злосторството на кремљовскиот режим, освен оружјето и санкциите, спаѓа и зборот – јавното осудување на секојдневните напади што ги врши Русија.

Научникот и правник Рафаел Лемкин, кој го воведе терминот „геноцид“ во меѓународното право, речиси целиот свој живот го посвети на тоа да го привлече вниманието кон два вида злосторства – варварство и вандализам. Во својата книга „Правила на оската на злото во окупираната Европа“ тој ги обедини под еден поим – геноцид.

Делата и говорите на Рафаел Лемкин се одбрана на човечкиот живот и достоинство, израз на желбата виновниците за геноцид да бидат казнети и тие злосторства да бидат документирани и признати во меѓународното право. Историјата на неговата идеја, неговите зборови – тоа е историјата на борбата за казна за геноцидот.

Секогаш постои можност да се осуди геноцидот. За почеток – со збор.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux