• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Третиот самит на првите дами и господа
07 септември 2023 13:30

На 6 септември 2023 година, во Украина се одржа Третиот самит на првите дами и господа и Сателитниот самит на министрите за здравство, на кој учество земаа Првата дама на РСМ, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, и Заменик министерката за здравство, г-ѓа Маја Манолева.
Според резултатите од студијата „Ментално здравје и односот на Украинците кон психолошката помош за време на војната“, спроведена од социолошката компанија Gradus Research во рамки на иницијативата на Првата дама, г-ѓа Олена Зеленска, за создавање на Сеукраинска програма за ментално здравје, 40-50% од населението на Украина ќе има потреба од психолошка поддршка со различен степен на интензитет: 5,1 милиони - постари лица, 4,1 милиони - внатрешно раселени лица, 2,6 милиони - деца и адолесценти, 1,5 милиони – воени лица и ветерани.
Покрај тоа, од почетокот на војната од големи размери на русија против Украина, приближно 80% од Украинците имаат роднини или познаници кои умреле или биле повредени. Затоа темата за ментално здравје е особено важна денес!
За време на Третиот самит, Република Северна Македонија се приклучи на кон Изјавата за развој на одржливо меѓународно партнерство во областа на здравствената заштита, а исто така се одржа потпишување на два меморандуми за соработка меѓу украинските и македонските клинички институции.
Меморандумите, меѓу другото, предвидуваат можност за сеопфатен развој на билатералните односи меѓу здравствените установи на Украина и Република Северна Македонија со цел размена на искуства и најдобри практики на медицинскиот менаџмент, подобрување на квалитетот на медицинските услуги и зајакнување на меѓународното медицинско партнерство.
Помагаме во развојот на соработката меѓу Украина и Северна Македонија во областа на здравствената заштита.
Искрено благодариме за поддршката и помошта!
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux