• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Во Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски беше отворена „Украинската полица за книги“
03 април 2023 16:45

На 3 април 2023 година, под покровителство на Првата дама на Украина Олена Зеленска, во Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски беше отворена „Украинската полица за книги“.


За време на отворањето со свој говор се обратија Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, Директорот на библиотеката, Рахметула Куќи и членот на Националниот сојуз на писателите на Украина и на Сојузот на писателите на Македонија Вира Чорниј-Мешкова, а во рамки на настанот децата од Украинската заедница читаа дела од украинската класична и модерна поезија и проза.


Амбасадорката на Украина Лариса Дир истакна: „ Оваа иницијатива за споделување на украински книги со светот ѝ припаѓа на Првата дама на Украина Олена Зеленска.
Проектот „Украинска полица за книги“ е, во својата суштина, мултидимензионален:
- прво – тој е зачувување на нашиот единствен украински идентитет, култура и традиции. Тој е зачувување на нашиот национален код.
- второ - тој е манифестација на нескршливост и стабилност, поради отпорот кон руските окупатори. Нашето културно наследство е богато, живописно и непобедливо. Украинските книги им се потребни на нашите деца кои беа принудени да ја напуштат Украина поради воената агресија на руската федерација против Украина.
За секој народ е важно да ги негува својот јазик и култура - ова е и зачувување на националната меморија и извор на збогатување за другите народи.
Отсега во ова гостопримливо македонско место ќе има слободен пристап до украински книги за возрасни и деца. Додека сте во странство, ќе можете да избирате книги на украински јазик и да ги учите децата. Да се грижите за украинскиот јазик и да уживате во неговиот звук.“


Ѝ благодариме на Добротворната фондација „Кијивско училиште за економија“, како и на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски за помошта во реализација на овој проект.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux