Синоќа Украина повторно беше цел на масовен напад од страна на Русија. Повеќе од 12 часа руските вооружени сили изведуваа удари со беспилотни летала и ракети – речиси 500 ударни дронови и повеќе од 40 ракети од различни типови, меѓу кои и хиперсоничните „Кинжали“ – врз низа региони на нашата држава, погодувајќи цивилна инфраструктура и станбени згради. Главни правци на нападот беа Кијив и областа, како и Запорижка, Хмелницка, Сумска, Миколаевска, Черниговска и Одеска област. Има жртви меѓу цивилното население, вклучително и деца, а десетици лица се повредени.
Таквите дејствија претставуваат уште една манифестација на насочен терор против украинските градови и граѓани. Тие се случија веднаш по завршувањето на работната недела на Генералното собрание на ОН, што уште еднаш ја покажува вистинската положба на Русија кон меѓународното право и напорите на светската заедница во сферата на мирот и безбедноста.
Украина продолжува да прави сè што е можно за заштита на своите граѓани и инфраструктура. Истовремено, сметаме на засилување на заедничкиот притисок на меѓународната заедница врз државата-агресор – политички, економски и санкциски. Светот мора да остане обединет и решителен во спротивставувањето на агресијата.

