• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Отворено предавање на украински научници кои ја истражуваат темата на Гладоморот 1932-1933 година во Украина
08 јуни 2023 15:43

Денес, на 08 јуни 2023 година, на Филозофскиот факултет при водечкиот македонски Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа отворено предавање на украински научници кои ја истражуваат темата на Гладоморот 1932-1933 година во Украина, академик и професор на Кијивскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“, Володимир Сергијчук и Докторот по историски науки, Олесја Стасиук.
Настанот го отвори Деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, истакнувајќи дека споменатата тема е неверојатно важна и бара се повеќе дискусија и покривање.
Од своја страна, Амбасадорката на Украина Лариса Дир му се заблагодари на Деканот Р. Дуев што даде можност за соберирање во просториите на Универзитетот со цел да се пренесат повеќе информации за Украина, за злосторствата извршени од страна на државата агресор рф во Украина и, меѓу другото, истакна: „ Пред два дена, на 6 јуни, рф ја разнесе Каховската хидроелектрична централа, што е техничка катастрофа од големи размери. Десетици населени места беа поплавени, илјадници возрасни и илјадници деца останаа без покрив над главата.
Се зголемува обемот на злосторствата кои ги извршува рф. Вршењето на геноцид и екоцид се суштината на режимот на кремљ.
русија води кампањи за дезинформација од големи размери со цел да ги сокрие злосторствата. Таа смета на страв и атмосфера на рамнодушност.
Во моментов за Украина е важно да добие како помош со оружје и средства за противвоздушна одбрана, така и поддршка од страна на државите кои ги признаваат дејствијата на рф извршени на територијата на Украина како геноцид. Исто така, важно е да се признае Гладоморот во Украина како геноцид врз украинскиот народ“.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux