Посетата на деловната и официјалната делегација на Лавовската област со трговска мисија во Република Северна Македонија (РСМ)
Главни настани:
-
Одржана е заедничка средба со раководството на Стопанската комора на Северна Македонија и средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Северна Македонија Љупчо Јаневски. Во рамки на дискусиите, страните ја потврдија својата заложба за активен развој на трговско-економската соработка, особено во областите на трговијата и туризмот. Покрај тоа, беше одржана и сесија на B2B контакти меѓу бизнис претставници од двете земји за воспоставување на директна соработка меѓу украинските и македонските компании.
-
Се одржа средба меѓу заменикот на Началникот на Лавовската обласна државна управа Виталиј Загајниј и раководителот на групата за пријателство меѓу Украина и Северна Македонија Јован Митрески. Страните го констатираа високиот степен на развој на билатералните односи, особено на меѓупарламентарната соработка, исто така разменија мислења за нивниот понатамошен развој.
-
Членовите на делегацијата на Лавовската област ја посетија Амбасадата на Украина, каде имаа можност да се запознаат со персоналот на дипломатската мисија и украинската дијаспора во РСМ, како и да разговараат за перспективите за одржување на натамошни контакти.
Амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук: „Уверена сум дека посетата на делегацијата на Лавовската област како еден од најмоќните региони на Украина ќе ја интензивира трговско-економската соработка меѓу Украина и Северна Македонија и ќе придонесе за понатамошен раст на билатералната трговска размена меѓу нашите пријателски земји“.
У другий день перебування в Північній Македонії, делегація на чолі з заступником голови ЛОДА Віталієм Загайним зустрілася з мером міста Скоп’є Данелою Арсовською. Під час зустрічі було обговорено стан і подальші перспективи розвитку співробітництва між українськими та македонськими регіонами й громадами.