На 10 октомври, во рамки на турнеја низ земјите од Западен Балкан, Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис, престојуваше во работна посета на Република Северна Македонија, каде што одржа средби со Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, г-ѓа Славица Грковска, Министерката за одбрана, г-ѓа Славјанка Петровска, и Државниот секретар во МНР, г-дин Филип Тосевски.
Јевген Перебијнис со македонските партнери дискутираше за начините за натамошно продлабочување на билатералниот политички дијалог, за интеракцијата на двете земји во рамки на меѓународните организации, како и за учеството на Северна Македонија во спроведувањето на низа меѓународни иницијативи на нашата држава - Формулата за мир на Претседателот Володимир Зеленски и Меѓународната Кримска платформа.
Заменик-шефот на ресорот за надворешна политика на Украина со претставници на македонската влада детално дискутираше и за прашањето за европската интеграција на двете држави како земји кандидати за членство во Европската унија, како и за натамошна размена на искуства во оваа област. Одделно, страните разменија мислења во врска со пристапот на Украина во НАТО и натамошната поддршка од страна на Северна Македонија на овој пат.
Јевген Перебијнис изрази благодарност до македонската страна за приклучувањето кон Основната група (Core group) за создавање на Специјалниот трибунал за злосторството агресија против нашата земја, како и за политичката, хуманитарната и воено-техничката помош што ѝ се обезбедува на Украина.