• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Обраќање на Председателот на Собрание на Република Северна Македониja Талат Џафери на изложба коja посветенa на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина:
26 ноември 2022 12:55

Обраќање на Председателот на Собрание на Република Северна Македониja Талат Џафери на изложба коja посветенa на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина:

«да упатам до Вас и апел за разбирање затоа што сум убеден дека после ова, никој нема да остане рамнодушен кон оваа човечка трагедија и кон овој период во кој се изгубила и најмалата допирна точка со тоа што значи да се биде - човек. Што значи да се сака, цени и вреднува човечкиот живот. Сечиј живот! Затоа што, нема помалку или повеќе вредни човечки суштества, нема повеќе или помалку важни човечки животи. Има добри и има лоши луѓе. Во принцип, секогаш е потежок патот што го поминува борбата на доброто против злото. Но, тоа што не разликува и ни дава сила да истраеме на тој трновит пат е цврстата волја, верба и надеж дека сме извлекле поука од минатото и сме се бореле на сите можни начини да не се повторат тие грешки и во иднина. За жал, историјата се повторува пак!

Сега се други средствата, меѓутоа во принцип, намерата е иста и таа не е воопшто хумана. Да се покори на сите можни начини Украина и Украинците, а и агресорот е ист! Што е уште понелогично, се работи за земја членка на Советот за безбедност, кој што е еден од шесте тела на Обединетите нации, и е конкретно задолжен за обезбедување на светскиот мир и безбедност.
На светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото. Тоа не е доволно! Злосторство или геноцид, тоа мора да се именува и да се викне толку гласно за да одекне и остави белег во сечиј ум и разум, во сечија совест и одговорност дека се посегнува по највредното, по најскапоценото - по животот! На деца, жени, стари и млади - без разлика, со сите однапред испланирани и спроведени систематски начини на истребување на еден народ и една држава. Толку системски што дури не се знае ниту точната бројка на жртви која според различни извори се движи од 4 до 15 милиони жртви! Тоа не се зрна песок, тоа се живи семејства, широки насмевки, успеси и солзи, тоа се човечки судбини!

Да не дозволиме да се претвори сè во пепел, премногу сме вложиле и сме жртвувале, ние, нашите предци, нивните предци. Да не дозволиме злото да затропа и на наша врата, затоа што на овој или на оној начин, ефектот се рефлектира на сиот свет, без разлика».
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux