• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
На 7 јуни 2023 година, Амбасадата на Украина во Скопје заедно со Општина Чаир се собраа по повод на парк на оваа општина да му се додели името „Украина“
07 јуни 2023 15:39

На 7 јуни 2023 година, Амбасадата на Украина во Скопје заедно со Komuna Çair-Municipality of Cair-Општина Чаир се собраа по повод на парк на оваа општина да му се додели името „Украина“.
За време на настанот се обратија Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, Градоначалникот на Чаир, Visar Ganiu, и Претседателот на Здружение на Украинци во Македонија “Лесја Украинка”, Alexandr  Urbanovitch.
Лариса Дир, меѓу другото, истакна дека предлогот на Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу е инспиративна вест, која беше многу контрастна во споредба со вестите што секојдневно ги добиваме од самата Украина. 
„Речиси секојдневно ракетните и артилериските гранатирања на суверена Украина, извршени од државата-агресор рф, одземаат животи на луѓе, уништуваат станбени згради, училишта, болници.
русија продолжува да врши геноцид на територијата на Украина - убива Украинци, го тероризира цивилното население, насилно депортира украински деца од привремено окупираните територии на Украина на територијата на руската федерација.
Украина ѝ е благодарна на Северна Македонија за укажаната хуманитарна и воена помош, постојаната поддршка во меѓународните организации и поддршката за евроатлантските аспирации на Украина.
Денес имаме светла можност да добиеме од Општина Чаир на град Скопје морална и духовна поддршка, која е бесценета.
Ние со голема благодарност го прифаќаме овој израз на сочувство за Украинците, кои се најдоа во неволја наречена руска агресија. Ова е толку моќна манифестација на благородноста на срцето и желбата да се помогне, што со својата животворна енергија ќе му даде уште поголема сила и моќ на украинскиот отпор.
Посакувам овој „Парк Украина“ во Општина Чаир да биде светол, расцутен, пријатен, исполнет со детска радосна смеа, детска забава. Детството нека биде светло, мирно, полно со љубов.
Искрено Ви благодарам за овој толку голем подарок, за добрината и силата на Духот.“ - изјави Лариса Дир.
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу рече: „Ние како општина Чаир имаме широко срце да се потсетиме на оние кои моментално се на подрачјето на војна или други кои имаат цели семејства загрозени во таа неправедна војна. Затоа, драги присутни денес заедно, ја пренесуваме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели - Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Отсега, секој што ќе помине низ овој парк ќе се сеќава на Украина и Украинците“.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux