• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Амбасадата традиционално учествуваше на комеморативни настани за почитување на споменот на украинскиот свештеник Олексиј Моргуљ
15 мај 2023 12:28

На 13 мај, во с. Пирава (општина Валандово), Амбасадата традиционално учествуваше на комеморативни настани за почитување на споменот на украинскиот свештеник Олексиј Моргуљ (1887-1979), кој целиот свој живот го посветил на служење на Бога и на луѓето.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир положи цвеќе на надгробните плочи на Олексиј Моргуљ и неговата сопруга Текла, а исто така му се заблагодари на отец Драги за грижата и одржувањето на погребните места и зачувувањето на споменот на украинскиот свештеник Олексиј Моргуљ и неговата сопруга Текла, која целиот нејзин живот лекувала луѓе.
Олексиј Моргуљ поради прогонот и физичкото уништување на украинските свештеници, бил принуден да ја напушти родната Полтавска област и со текот на времето се населил на македонска земја, каде што ја извршувал својата духовна мисија.
Од 1961 до 1979 година, Олексиј Моргуљ бил свештеник во црквата Свети Ѓорѓи, заедно со неговата сопруга Текла, уживале исклучителна почит не само од жителите на селото Пирава, туку и од околните села. Сеќавањето за овие Украинци сè уште живее во срцата на луѓе. Споменот на овие Украинци сè уште живее во срцата на луѓето кои секоја година се собираат за да го почитуваат нивниот спомен.
Во црквата Св. Ѓорѓи (Македонска православна црква — Охридска архиепископија), се одржа молитва за Мир во Украина и панахида за украинските војници кои загинаа бранејќи ја Украина од вооружената агресија на државата-терорист рф.
Искрено му благодариме на отец Драги за топлината на срцето, големината на духот, поддршката на Украина и гостопримството!
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux