• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Праведниците на Украина. Праведниците за Украина.
14 мај 2023 12:39

На 14 мај, Украина го почитува споменот на Украинците кои ги спасувале Евреите за време на Холокаустот во текот на Втората светска војна.
На 2.679 Украинци им беше доделена титулата „Праведници меѓу народите“. Оваа титула ја доделува специјална комисија при „Јад Вашем“, во согласност со Законот за овековечување на споменот на мачениците и хероите усвоен од Кнесетот на Државата Израел.
Разгледувајќи ги предлозите само од еврејските организации за доделување на титулата „Праведник меѓу народите“, Комисијата при „Јад Вашем“ задолжително го зема предвид фактот дека помошта која им се обезбедувала на Евреите мора да биде без корист, долготрајна и значајна, а лицето кое ги криело Евреите било подложно на реална опасност по неговиот живот или животот на неговото семејство.
Украина е на четвртото место по бројот на Праведници меѓу народите, по Полска, Холандија и Франција.
Се разбира, многу е поголем бројот на луѓе кои спасувале Евреи за време на Холокаустот во текот на Втората светска војна.
Најпознати Украинци кои спасувале Евреи – затвореник на „Мајданек“, Блажениот Свештеномаченик о. Омелијан Ковч, Блажениот Свештеномаченик Климентиј Шептицки, Митрополитот Андреј Шептицки.
Во услови на војна, нехумано постапување, тортура и заплашување, се наоѓаат луѓе со неверојатна сила на дух кои свесно ги жртвуваат своите животи и му помагале на својот ближен.
Сега раководството на рф има намера да ги уништи Украинците со агресивната војна на рф против Украина. Државата-терорист рф користи различни форми на геноцид: убиство, мачење, киднапирање, присилна депортација на деца, лишување од слобода, силување, егзекуција на цели семејства, уништување на населени места, лишување на луѓето од пристап до основните потреби, создавање на услови кои се наменети за уништување на луѓе.
Денес, еден вид Праведници за Украина стануваат оние кои ја поддржуваат Украина - со хуманитарна помош, со оружје за одбрана од руската агресија, помагаат да се вратат децата, воените затвореници, цивилите зартобени од рф, оние кои го поддржуваат создавањето на Специјалниот трибунал и обезбедуваат безбедносни гаранции.



Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux