• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Претседателот ја прифати оставката на Премиер-министерот на Украина и Кабинетот на министрите на Украина
28 јануари 2014 17:19

Претседателот на Украина ја прифати оставката на Премиер-министеот на Украина Микола Азаров, задоволувајќи ја неговата молба за оставка. Тоа го соопшти прес-службата на Шефот на државата, на 28 јануари.

Во соопштението на официјалниот веб-сајт на Администрацијата на Претседателот се истакнува дека според членот 115 од уставот на Украина оставката на Премиер-министерот на Украина има последица оставка на сиот состав на Кабинетот на министрите на Украина.

Истовремено Шефот на државата, раководејќи се со нормата на делот пет од членот 115 од Уставот на Украина, му даде инструкција на Кабинетот на министрите на Украина да продолжи да ги извршува своите овластувања до почетокот на работата на новоформираниот Кабинет на министрите на Украина.

Согласно делот три од членот 17 на Законот на Украина „За Кабинетот на министрите на Украина”, сите членови на Кабинетот на министрите на Украина што се наоѓаат во оставка се ослободуваат од своите должности од почетокот на работата на новоформираниот Кабинет на министрите на Украина. На таков начин сите актуелни членови на Кабинетот на министрите на Украина продолжуваат да работат на должностите и да ги реализираат своите надлежности до разрешување од должностите на пропишаниот начин со Уставот на Украина.

Според важечкото законодавство на Украина назначувањето на Премиер-министерот на Украина се остварува од страна на Претседателот на Украина со согласност на повеќе од половина од уставниот состав на Врховната Рада на Украина; писменото поднесување за давање на согласност на назначување на должноста Премиер-министер на Украина се поднесува од страна на Претседателот на Украина до Врховната Рада на Украина по донесување на решението за оставка на Кабинетот на министрите на Украина, престанокот на овластувањата на Премиер-министерот на Украина; Врховната Рада на Украина го разгледува поднесувањето на Претседателот на Украина во рок од пет дена од денот на поднесувањето на таквата претставка до парламентот (точка 12 од делот први на членот 85, точката 9 делот први од членот 106, делот втори од членот 114 на Уставот на Украина, членот 8 од Законот на Украина „За Кабинетот на министрите на Украина”, членот 205 од Правилниот на Врховната Рада на Украина, утврден со Законот на Украина „За Правилникот на Врховната Рада на Украина”).

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux