• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Претседателот на Украина ги повика Украинците да направат се за мирот и спокојот во државата
30 јануари 2014 10:23

Претседателот на Украина ги повика граѓаните да направат се за мирот , спокојот и нормалниот живот на земјата. Обраќањето на Шефот на државата до граѓаните на Украина е објавено на официјалниот веб-сајт на Претседателот.

 

Во обраќањето, меѓу другото, се истакнува дека власта ги извршила сите врз неа превземени обврски. Вклучително, парламентот го донесе Законот за амнестија, којшто ги гарантира слободата на учесниците во протестите и ослободувањето на лицата што биле лишени од слобода за време на конфликтите.

Драги земјаци!

Се обраќам кон вас со чувство на голема вознемиреност и загриженост за животот и здравјето на многуте луѓе, што се инволвирани во протестите од страна неодговорните политичари. За жал, тие конфликти не беа без жртви. Вечерва Украина претрпе уште една загуба – предвреме умре за време на извршувањето на своите службени  обврски за обезбедување на јавниот ред во Киев капетанот на внатрешните војски Дмитро Васиљович Дунец.

Деновиве Украина, како што знаеме, се простуваше со млади загинати луѓе во конфликтот. Исто така е познато дека настрадаа луѓе од стрес, студ, судири. Секој таков случај остава длабока и болна трага во нашите срца. И секој од нас зе прашува – во име на што страдаат луѓето? Зошто ли политичарите не повикуваат за мир, спокој и разбирање, туку обратно – ги распалуваат расположенијата со своите несовесни и неодговорни изјави, мислејќи на сопствените рејтинзи повеќе отколку за животот и здравјето на луѓето.

Во процесите на преговори з амирно регулирање на конфликтите ние постигнавме конкретни договорености со претставниците на опозицијата. Сите обврски коишто власта ги зеде на себе, ние ги извршивме. Меѓу другото, парламенот го донесе Законот за амнестија, кој им гарантира на учесниците во протестите слобода и ослободување на лицата што беа лишени од слобода за време на конфликтите.

Сепак опозицијата продолжува да ја ескалира ситуацијата, повикувајќи ги луѓето да стојат на мразот за политички амбиции на неколкуте лидери. Мислам дека тоа не е правилно. Сигурен сум дека ние треба да сфатиме – нема иднина за државата и народот, ако политичките интереси на поедините групи се над постоењето на самата Украина.

Уште еднаш молам и се обраѓам кон луѓето, обичните граѓани, моите земјаци: да направиме се за мирот и спокојот, за нормалниот живот на земјата. Од своја страна со најголемо разбирање и посветеност ќе се однесувам кон потребите и стремежите на луѓето, имајќи ги во предвид грешките, што се случуваат кај секоја власт, зашто не греши само тој којшто ништо не работи.

Верувам дека заедно ние ќе успееме да го вратиме животот на Украина и сите луѓе на мирен и спокоен колосек.

Виктор Јанукович;

Претседател на Украина   

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux