• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Воведен збор на Претседателот на Врховната Рада на Украина, Володимир Рибак, на средбата со раководителите на дипломатските мисии на земјите на Европската Унија
03 фебруари 2014 11:18

Првенствено би сакал да изразам благодарност за средбата и Вашата нерамнодушност за ситуацијата што се создаде во Украина. Ве поканив за да информирам за напорите на парламентот на Украина, насочени на разврска на длабоката политичка криза и постигнување на стабилност во украинското општество. Денес Врховната Рада фактички се претвори во главен антикризен центар од којшто зависи обновување на редот и мирот во земјата.

Пред се дозволете ми да ја изразам сопствената проценка за сета сериозност на ситуацијата.

Прво – по два и пол месеци на улични протести, немири и насилни судири на демонстрантите со полицијата во земјата се создадоа опасни знаци на системска политичка криза. Протестите на спротивната политичка ориентација се раширија практично по сета територија на земјата. Блокирани се важните регионални центри на власт, шти создава опасност од загуба на управување во државата. Се зголемуваат негативните појави во работата на економскиот механизам на Украина, што може да доведе до дополнителни социјални тензии. Ја креваат главата поддржувачите на сепаратизмот од различен правец, што е крајно опасно за таква држава, како што е Украина, која има шаренолико национално-етничко, религиозно и социјално-економско уредување.

Второ - ќе ги истакнам важните чекори кои раководството на Украина ги направи кон демонстрантите за запирање на насилството на улиците на Киев, другите градови на Украина, за стабилизирање на ситуацијата и мирно регулирање на политичката криза. На 28 јануари 2014 година Преиер-министерот М.Ј.Азаров поднесе оставка, а Претседателот на Украина В.Ф.Јанукович се согласи на генерална реконструкција на владата.  Шефот на државата води активен дијалог со сите учесници на политичкиот процес со најактулените и општествено значајни проблеми на украина за колку што е можно побрзо постигнување на широк антикризен политички консензус. Позицијата на Претседателот на Украина е недвосмислена и тврда – да не се  дозволи каква и да било шанса за крвопролевање во процесот на решавањето на ситуацијата!

Трето – јас веќе изјавував дека Врховната Рада, како една од најважните државни институции на земјата, очигледно не успеа да ја изврши својата функција на политички амортизер за да ги минимизира општсетвените потреси во земјата Сметам дека екскалацијата на денешната криза доби таков замав во голема мера како последица на неорганизираност и застој на парламентарниот процес, предизвикан од прекумерни и неоправдани ултиматуми од страна на опозициските парламентарни сили. Очигледно е тоа дека радикалните опозициски политичари ја доведоа кризата до ниво на отворена и жестока изборна борба, бескомпромисна битка за власт. 

Четврта позиција. Под овие услови и на барање на повеќе од 150 пратеници, јас бев принуден да свикам вонредна седница на парламентот, на 28 јануари.  Парламентот на Украина  ги укина деветте законодавни акти, донесени на 16 јануари 2014 година, кои беа во голема мера политички мотивирани, имајќи го во предвид опасниот размер на конфликтот во општеството. На 29 јануари парламентот додатно го донесе законот за амнестија, којшто ќе дозволи да се ослободат стотици лишени од слобода во услови на улично безредие, да се обнови атмосферата на строго почитување на човечките права и правдата дури и во ситуација на општествени немири во земјата. Ќе потсетам дека овие чекори се направени за исполнувањње на договореностите меѓу сите страни на преговорите, насочени кон запирање на насилниот конфликт и надминување на кризата.

Пета теза. Спротивно на неодговорните гласини и несовесни информации на медиумите, што се однесува до плановите за воведување на вонредна состојба во Украина, можноста од рреализирање на таквото сценарио не се разгледуба ниту во парламентот, ниту во другите институции на државната власт.

Шеста и многу важна позиција. Со оглед на системскиот карактер на причините и природата на денешната политичка криза, Врховната Рада на Украина веќе одлучи во поглед на започнување на системска разврска на кризната ситуација на долг период. Го имам во предвид решението на вонредната седница на парламентот да се отпочне со процесот на усовршување на уставната структура на украинското општество. Ќе потсетам дека за време на вонредната седница беше регистриран проект на Одлуката за создавање на Времена специјална комисија (ТСК) на парламентот за подготовка на проект законот за внесување на промени во Уставот на Украина (за враќање на парламентско-претседателска форма на управување). Ние се приближуваме до консензусот за ова принципиелно важно прашање. Ја дели оваа позиција и Претсеателот на државата Виктор Јанукович. Многу е важно и тоа што парламентот се придржува кон заедничката позиција за задолжително придржување кон сите барања на делот ХІІІ «Внесување на измени во Уставот на Украина» на денес важечкиот Основен Закон на земјата. Тоа ќе ја гарантира правната чистота на уставниот процес и ќе ја потврди нашата заложба за владеење на правото.  

Би сакал да ги уверам Вашите влади и парламенти дека раководството на Украина во целост ја осознава сета длабочина на сценариото на кризата, и решавачки е расположено за исклучиво мирен пат на решавање на кризата со јасно придржување кон законодавството и почитување на правата и слободите на украинските граѓани.

 

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux