• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Посета на Комесарот на ЕУ, Ш.Филе, на Украина
14 фебруари 2014 17:14

На 11-13 февруари 2014 год., во Украина, претстојуваше Комесарот на ЕУ, Ш.Филе, кој беше примен од Претседателот на Украина В.Јанукович. Претставникот  на ЕУ беше информиран за чекорите кои ги применува украинската власт со цел на решавање на кризата.

Во тој контекст страните ги разгледаа перспективите на уставната реформа, формирањето на новата Влада, продолжување со воведување на системски реформи, а исто така и обезбедување на чесни и демократски претседателски избори.

 Се истакна неприфатливоста од ескалирање на насилството и потреба од реализирање на објективна истрага на фактите на случаевите на насилство за време на масовните протести во Украина.

 Беа разгледани можностите на отпочнување на работата на Консултативната комисија со учество на власта, опозицијата и експертите на Советот на Европа за мониторинг истражување на инцидентите кои добија публицитет за време на протестите во Украина.

За време на посетата се разгледуваше, исто така и можното зголемување на финансиско-економската помош на Украина од страна на ЕУ и меѓународните финансиски организации за понатамошно воведување на системски реформи во нашата држава и совладување на економските предизвици.

Претседателот на државата ја истакна активната и конструктивната улога на Европската Унија и Советот на Европа во изнаоѓањето на патиштата за излез од кризата и стабилизирање на ситуацијата во Украина. При тоа беше истакната важноста на објективната и непристрасна оценка на внатрешнополитичките процеси во државата од страна на меѓународните партнери.

За време на посетата Комесарот на ЕУ, Ш.Филе, исто така се сретна со претставниците на украинската опозиција, ги посети болниците каде што прстојуваат настраданите демонстранти за време на протестите и претсавниците на милициските единици.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux