На 19 ноември 2022 година, во Скопје се одржа Првата балканска средба на Украинците во странство „Улогата на украинската заедница за време на инвазијата од големи размери на рф во Украина. Предизвиците со кои се соочува украинската заедница во земјите во кои живеат“, на која учествуваа раководители на украински организации во странство, Претседателот на Сојузот на украинските организации на Бугарија „Мајка Украина“ Олена Коцева, Претседателот на Асоцијацијата „Украинско-грчко мислење“ Галина Масљук и Претседателот на украинскиот културно-образовен центар „Берегиња“ Оксана Козиј од Грција, Претседателот на Здржението на Украинците во Северна Македонија „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович, Претседателот на Националниот совет на украинското национално малцинство на Република Србија Микола Љахович, заменик-Претседателот на Украинската заедница на Загреб Борис Граљук, Директорката на Украинската Асоцијација „Добра Справа“ во Црна Гора Ирина Кучма.
На учесниците на Првата балканска средба на Украинците во странство им се обратија и регионалниот потпретседател на Светскиот Конгрес на Украинци, г-дин Павло Садоха, Директорката на Меѓународниот институт за образование, култура и односи со дијаспората, г-ѓа Ирина Кључковска, претставник на Светскиот Конгрес на Украинци во Украина, г-дин Сергиј Касјанчук, основачот на Аналитичкиот центар за балкански студии „ex-Yu“ г-ѓа Катерина Шимкевич.
Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, ја истакна потребата од активирање на заедниците на Украинците во странство со цел да се спроведат следните задачи:
- одржување на настани насочени кон поддршка на европската и евроатлантската интеграција на Украина со цел што поскоро добивање членство во ЕУ и НАТО;
- одржување настани и обраќања до раководството на земјите во кои живеат во врска со признавањето на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, како и дејствијата на рф за време на тековната вооружена агресија врз Украина, како геноцид на украинската нација;
- продолжување на работата на собирање и испраќање хуманитарна помош за Украинците во Украина;
- продолжување на отпочнувањето на функционирањето на саботните и неделните украински училишта/класови со цел зачувување на украинскиот јазик, одржување на украинските традиции, изучување на историјата на Украина.
Пред учесниците на Првата балканска средба на Украинците во странство се обрати и Амбасадорот на Украина во Република Србија, Володимир Толкач.
За време на средбата, претставници на украински организации во странство од Бугарија, Грција, Северна Македонија, Србија Хрватска, Црна Гора одржаа говори и го споделија своето работно искуство во земјите во кои живеат, вклучително во однос на спроведувањето на информативни кампањи против московската пропаганда, поддршката за Украина и обезбедувањето хуманитарна помош, обезбедувањето помош на привремено раселените лица, функционирање на саботните и неделните училишта.
По резултатите од Првата балканска средба на Украинците во странство, потпишана е Заедничка изјава, во која се зборува за приоритетите насочени кон здружување на напорите за промовирање на интересите на Украина и Украинците во нивните места на живеење и привремен престој.