• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Свеченото отворање на изложбата посветена на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина „Украина се сеќава – светот признава!“
24 ноември 2022 11:51

На 24 ноември 2022 година, во Собранието на Република Северна Македонија, се одржа свеченото отворање на изложбата посветена на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина „Украина се сеќава – светот признава!“.
 
Изложбата ја отворија Претседателот на Собранието Талат Џафери и Амбасадорката на Украина Лариса Дир.
 За време на свечениот настан, на присутните им се обратија и заменик Народниот правобранител на Северна Македонија Јован Андоновски, Деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ Ратко Дуев, новинарот и претседател на „CIVIL“ Џабир Дерала, членката на Националниот сојуз на Писатели на Украина и Сојуз на писатели на Македонија Вера Чорниј-Мишкова, Претседателот на Здружението на Украинците "Лесја Украинка" Олександр Урбанович.
 
За време на настанот, Талат Џафери истакна дека „На светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид, а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото. Тоа не е доволно! Злосторство или геноцид, тоа мора да се именува и да се викне толку гласно за да одекне и остави белег во сечиј ум и разум, во сечија совест и одговорност дека се посегнува по највредното, по најскапоценото – по животот! На деца, жени, стари и млади – без разлика, со сите однапред испланирани и спроведени систематски начини на истребување на еден народ и една држава.“.
 
Л. Дир нагласи дека „Постои правна основа за признавање на Гладоморот од 1932-1933 година како геноцид на украинската нација - вклучително, Уредбата издадена од Апелациониот суд на градот Кијив од 13 октомври 2010 година за кривична постапка покрената врз основа на фактот за злосторство геноцид извршено во Украина во текот на 1932-1933 година , во кој, меѓу другото, е утврдено дека ова злосторство е извршено со цел да се потисне национално-ослободителното движење во Украина и да се спречи изградбата и воспоставувањето на независна украинска држава по пат на создавање на нехумани услови наменети за физичко истребување на Украинците“.  Исто така, беше наведено дека „геноцидот продолжува, токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет.  Украина апелира до парламентите и владите да ги признаат злосторствата што руската федерација ги врши на територијата на Украина како геноцид врз украинскиот народ;  исто така да го признаат Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз украинскиот народ.  Украина смета на помош во создавањето на Специјален Меѓународен Трибунал за казнување на руските злосторници за извршување на воени злосторства."
 
На настанот присуствуваа претставници на Владата, пратеници на Собранието и претставници на дипломатските претставништва во Северна Македонија.
Изложбата посветена на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина ќе биде отворена во следните две недели во просториите на Собранието, каде ќе се одржуваат екскурзии и ќе се раскажува една од најтрагичните страници во историјата на украинскиот народ.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux