«Странците и лицата без државјанство влегуваат на територијата на Автономната Република Крим и градот Севастопол на Украина согласно со законодавството и меѓународните договори на Украина.
За странците од државите со визен начин на влегување за добивање на визните документи треба да се обратат до дипломатските претставништва или конзуларните установи на Украина во странство.
Странците од државите со безвизен начин на влегување можат да престојуваат на територијата на Автономната Република Крим и градот Севастопол на Украина исклучиво под услови на преминување на државната граница на важечките премини преку државната граница на Украина со впишување на соодветни ознаки во пасошните документи или имиграционите картички.
Непридржување од страна на странците и лицата без државјанство кон законодавството на Украина за време на влезот и престојувањето на територијата на Автономната Република Крим и градот Севастопол повлекува со себе одговорност согласно со законодваството на на Украина, а исто така може да предизвика наметнување на меѓународни санкции на нив како на лица кои ја поддржуваат времената окупација на делот од територијата на Украина».