• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
"Веруваме во своите сили и во меѓународната солидарност", статија во македонското списание "Фокус" (04.04.2014)
04 април 2014 12:44

Кога на крајот од ноември, минатата година, во Киев, отпочна Евромајданот,  тешко дека некој ќе можеше да предвиди дека за само четири месеци Украина ќе го изгуби Крим, а светот ќе се најде на работ на глобалниот конфликт.

Мајдан – тоа е нова украинска политичка традиција која сепак има историски корени. Европа го помни мирниот «портокалов» Мајдан од 2004 година. Сега таа знае дека Мајдан може да биде во бојат ана крвта.

Протестното расположение во украинското општество стана да се акумулира кратко по изборот на Претседателот на Украина В. Јанукович, бидејќи новата власт, тежнејќи да си обезбеди «вечно» владеење, замина по патот на создавање на тотална контрола над сите сфери на општествениот живот.

Со таа цел, по пат на правни манипулации В. Јанукович ја концентрира во своите раце неограничената власт.

Корупцијата во земјата досегна невидени размери. Со забрзано темпо се случуваше збогатувањето на самиот претседател (според некои оценки – 37 милијарди долари САД за три години) и членовите на неговото семејство и најблиското окружување. Вистинските размери на тој злочин се открија само со победата на Мајданот.

Активноста на сиот сидтем за спроведување на законот воглавно беше насочен не на заштитата на правата и слободите на граѓаните, туку на гонењето на опозицијата и сите незадоволни.

Јакнеа безбедносните структури. На таков начин власта се подготвуваше за претседателските избори во 2015 год., бидејќи нејзините шанси не беа сигурни.  

Тоа треба да го занаат и помнат сите кои сметаат дека народниот протест во Украина е инспириран однадвор.

За новиот Мајдан социолозите предупредуваа уште долго пред неговата појава. При тоа се истакнуваше дека тој нема да биде мирен.  

Многуте не веруваа во тоа дека народот одново ќе се подигне како во 2004 год. – во општетството премногу силни беа разочарувањата од претседателот В. Јушченко.

Мајданот почна, сепак, мирно: на 21 ноември 2013 год. излезе студенстката младина во знак на протест против решението на Владата да ја суспендира подготовката за потпишување на Спогодбата за асоцијација со ЕУ.

Во ноќта од 29 на 30 ноември специјалните полициски единици «Беркут» брутално ги избркаа луќето од Мајданот, што предизвика тримесечно конфронтирање во центарот на Киев, кое заврши со крвава кланица на 18-20 февруари 2014 год. и бегството на В. Јанукович од главниот град на 21 февруариа.

         Настаните на Мајданот се постојано во центарот на вниманието на меѓународната заедница и покрај тоа од «лесната рака» на руската пропаганда уште и досега некој верува (барем поголемиот дел од граѓаните на Русија) дека во Украина победи фашизам и неонацизам, дека се гони населението што зборува на руски јазик.  

И тоа при тоа што Киев е град во кој претежно се зборува на руски јазик, а и кога би било така, како што се обедуваат да уверат, тоагаш «националистичкиот» мајдан не би опстојал ниту неколку дена.

Значи вистината е во друго – на Мајданот стоеа луѓе со различни политички погледи и професии и гинеа, исто така, луѓе со различни политички погледи и професии. 

На Мајданот победија не фашистите и неонацистите, како што некои сакаат тоа да го прикажат на таков начин, туку граѓанското општество.  

За сето време на независноста во Украина немало прогонувања по етнички и јазички основ.

Немилото брзање со укинувањето на законите, донесени со прекршувања на претходната власт, и даде, за жал, причина на руската страна да извикува на цел свет за гонењето на сонародниците во Украина и да воведе војски на Крим, а 90% од средните училишта се на руски јазик.

Се работи за законот на Украина «За основите на државната јазична политика». Та агрешка беше брзо исправена: в.д. Претседател на Украина не ја потпиша соодветната одлука.

На 27 март пред гласањето во Генералното Собрание на ООН на проектот од резолуцијата «За територијалниот интегритет на Украина» Постојаниот претставник на РФ при ООН, В. Чуркин, повторно тврдоглаво инсистираше на тоа дека во Украина е укинат официјалниот руски јазик, иако таков статус тој никогаш немал.

Во Законі рускиот јазик спаѓа вокатегоријата на «регионалните јазици или јазиците на националните малцинства».

Ете таква ситница, а како што е познато ѓаволот се крие во ситниците... 

Со резолуцијата, што ја подржаа 100 земји при 11 «против» и 58 воздржани, главниот политички и најрепрезентативне орган на ООН ја потврди својата преданост на суверенитетот, политичката независност, единството и територијалниот интегритет на Украина согласно со нејзините меѓународно признати граници.

Генералното Собрание повика на неприфаќање на признавање на било-какви измени на статусот на Автономната република Крим и градот Севастопол врз основа на незаконскиот референдум.

На Руската Федерација и беше предаден јасен сигнал за неприфатливоста на активностите насочени на делумно или потполно нарушување на националното единство и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи било каков обид за промена на границите на нашата држава по пат на закана со сила или нејзина примена или со други незаконски средства.  

 Таквите обиди не престануваат. Се работи пред се за примена на кримското искуство во Југо-Источна Украина по пат на разнишување на ситуацијата и создавање на критична сепаратистичка маса во тој регион со истовремен притисок на закана со војна интервенција.

Од друга страна Русија се залага за преговори за трансформирање на Украина во федерација со два државни јазика, признавање на резултатите од референдумот на Крим и т.н.

Како што истакна МНР на Украина, содржината и ултимативноста на таквиот став потврдуваат дека Руската Федерација се раководи со улогата на агресор. Нејзините предлози се исполнети со пренебрегнување на меѓународното право и непосредно противречат на утврдениот во чл. 2 од Статутот на ООН принцип на немешање во внатрешните работи.

Согласно тој принцип, секоја држава самостојна ја одредува формата на управувањето, државното уредување, политичкиот режим.

Украина преживува тешки времиња, но ние веруваме во своите сили и во меѓународната солидарност.

македонското списание "Фокус", Посол України в Республіці Македонія Юрій Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux