• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
"Меморандум", статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" (03.04.2014)
03 април 2014 14:51

                                   Меморандум

Се чини дека прашањето на односот на Руската Федерација кон Украина треба да се разгледува во друга димензија, далеку од политичката или економската.

На 4 март 2014 година, коментирајќи ја ситуацијата со придржувањето на Русија кон гаранциите за територијалниот интегритет на Украина согласно Будимпештанскиот меморандум од 5 декември 1994 година, претседателот на Руската Федерација В. Путин, изјави: „Кога ние истакнуваме дека тоа е антиуставен преврат, тогаш ни велат: не, тоа не е вооружено заземање на власта, тоа е револуција. А ако е тоа револуција, тогаш тешко е да не се сложам со некои наши експерти, кои сметаат дека на таа територија се појавува нова држава. А со таа држава, во поглед на државата ние никакви обврзувачки документи не сме потпишувале“, истакна В. Путин.

Така, според логиката на претседателот на Руската Федерација, за сегашната Украина од Русија не може да има гаранции согласно Будимпештанскиот меморандум.

Сепак, на 1 април 2014 година, Министерството за надворешни работи на Русија даде соопштение за тоа дека „ние во Будимпешта не преземавме обврски да ги принудиме деловите на Украина да останат во нејзиниот состав против вољата на нивното население.

По прогласувањето на својата независност Република Крим го одржа демократскиот референдум, за време на кој скоро 97 % од народот на Крим се изразија за влез на нивната земја во Руската Федерација. Но тоа е веќе друга приказна, која нема никаква врска ниту со Будимпештанскиот меморандум, ниту со Украина“, изјавија во министерството.

Веднаш се појавува прашањето – која Украина, зашто, судејќи од соопштението, сепак Русија ја признава денешната Украина како страна на Меморандумот, која се појави според нејзиното тврдење по 21 февруари 2014 година, бидејќи се повикува на Меморандумот, потпишан од претходната Украина, која навидум веќе ја нема.

„Во државата Данска има нешто труло“. Така би ја коментирал ситуацијата храбриот офицер Марсел, ликот од бесмртниот Хамлет.

Иако и тој би се изненадил, бидејќи би требало да има работа со Духот на кралот, а не истовремено со двајцата.

Се чини дека прашањето на односот на РФ кон Украина треба да се разгледува во друга димензија, далеку од политичката или економската.

Секако, овој впечаток го засилува уште една точка од горепосоченото соопштение, во која МНР на РФ со гордост истакна дека Русија никако не ги кршела обврските кон Украина да не применува и да не се заканува со примена на нуклеарно оружје против не-нуклеарни држави.

Коментарите се, како што велат, излишни. Уште само тоа фалеше… 

Би можела да се разгледа таквата ситуација од аспект на првоаприлска шега, ако не се знае дека според резултатите од анкетата, спроведена од 21-24 март од агенцијата „Левада-центр“, според која 74% од руските граѓани се готови да ги поддржат „дејствата на раководството на својата држава“ во случај на почеток на воен конфликт меѓу Руската Федерација и Украина.

Ненамерно ми паѓа на ум монологот на германскиот канцлер Т. Бетман-Голвег пред амбасадорот на Велика Британија, на 4 август 1914 година, кога германската армија веќе ја помина границата на Белгија и го доби соодветниот ултиматум од британската страна.

„Германија, нашиот цар и владата се мирољубиви“, рекол тој, обвинувајќи ја Велика Британија за решавањето на светската војна.

Руските војски, патем, и понатаму се наоѓаат во близина на границите на Украина. 

електронското изданије на весникот "Mkd.Mk", Посол України в Республіці Македонія Ю. Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux