• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
"Геополитика"
31 март 2014 17:31

Інтерв'ю Македонія Ю.Гончарука  електронній газеті ""Novatv.mk" (31.03.2014)

 

 «Господа, седлајте ги коњите. Во Франција е Република!» - извикал на балот, во февруари 1848 год. Рускиот император Никола І, кога до Петербург дојде веста за соборувањето на францускиот крал Луј-Филип.

Сигурно на соодветен начин реагирал и Претседателот на Руската Федерација, В. Путин, дознавајќи за разврската во Киев, но за разлика од претходникот «коњите ги оседла» миговно небаре за заштита на сонародниците.

Целта беше да се казни Евромајданот, којшто го сруши стратешкиот план за крајното вовлекување на Украина во геополитичката орбита на Русија со соодветни последици за светскиот поредок.

Овие кратки белешки сепак не се за геополитиката, за која толку многу пишуваат, коментирајќи ја ситуацијата што се создаде околу Украина.

Ова е за тоа како се користи геополитиката за прикривање на вистинската улога на Русија во украинските настани.

Главни за мене сред другите се двете проширени тврдења од Русија: Западот со своето мешање ја испровоцира кризата во Украина и Русија е готова да придонесе за решавање на кризата во Украина.

Дали се еднакви можностите за влијание на Западот и Русија на развојот во Украина? Одговорот, се чини, е очигледен, но како што се испостави, не за сите.

Немајќи намера да навлегувам во детали, ќе се ограничам само на листата на факторите, што сведочат самите за себе.

Така, границите на Украина изнесуваат 5637,92 км. Од нив на РФ припаѓа повеќе од 38% или 2295 км и на Белорусија – 975 км, на четирите земји на ЕУ – 1391 км. Украина повеќе од 300 години се наоѓаше во составот на Руската империја и Советскиот Сојуз.

За тоа време како последица од соодветната национална политика (русификацијата, преселувањето од Русија и т.н.) претрпе измени етничката структура на населението.
Во многуте сфери на економијата – силни се позициите на рускиот капитал.
Критична е зависноста на украинската економија од руските извори на енергија.

Постоечките реални лостови на притисокот врз украинската економија, уверливо беа прикажани за време на «принудувањето» на Украина да се откаже од Спогодбата за асоцијација во корист на «иднината» во Царинската унија.

Престојувањето на сета територија на Украина под рускиот информативен чадор.
Неограничените во тоа време можности за влијание преку своите високопозиционирани агенти на влијание во владата и во системот на спроведувањето на правдата.

Поттикнување на тогашната власт на пожестоко реагирање на развојот на ситуацијата и непопустливоста во врска со вистинските барања на демонстрантите.

Русија не се гледа како страна на кризата во Украина, но зарем не е така. Зар руските војски не го окупираа Крим и не ги обезбедија потребните резултати на таканаречениот «референдум».

Можеби не се тоа руските специјални служби што ја разнишуваат ситуацијата во Југо-Источната Украина, потпирајќи се врз локалните сепаратисти: секојдневно Службата за безбедност на Украина приведува групи на диверзанти и поедини агенти, чија цел е создавање на мрежи, меѓу другото и шпијунски и реализирање на провокации.

Русија уверува дека нема да ја воведе армијата во Украина. Тоа е така, но до оној момент додека не ја замолат за заштита на «прогонуваните» сонародници: сценариото на «Руската пролет» се обидуваат да го реализираат сега на Донбас.

Може тоа да го направи и без покана. За тоа во близина на источната граница на Украина е сконцентрирано групирање на сто илјади руски војници. Се прави се не за да се реши кризата, туку да се продлабочи истата.

Британскиот историчар Норман Девис, автор на светски познатото историско истражување «Европа», пишуваше во средината на 90-те години од минатиот век за тоа дека «Некој во Москва повикува одново да се освојува блиското странство… Порано или подоцна ќе мора да избира меѓу новата модерна демократија и застарениот империјализам».

Таква е геополитиката.

 

електронна газета "Novatv.mk",

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux