• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
И во руската реалност има екстремизам
27 март 2014 15:53

Інтерв'ю Посла України в Республіці Македонія Ю.Гончарука  електронній газеті "Mkd.mk" (27.03.2014)

Уверувајќи го светот (а тоа успешно го прави и во самата Русија) во тоа дека во Украина има „дивеење на неонацизам и фашизам“, руската пропаганда случајно или не избегнува да наведува такви „позитивни“ примери од руската реалност.

Во 2013 година во Русија битно се зголемија и интензивираа ксенофобските расположенија и активности на десноориентираните групи. Соодветно се зголемија и показателите за етничката нетолеранција и поддршка на националистичките слогани меѓу широките народни маси. Во тој контекст, особено значајни се одржаните традиционални националистички „Руски маршови“ лани на 4 ноември на Денот на народното единство во Москва и 100 други градови на Русија, кои беа придружени со користење на свастики, со симболите на СС дивизијата на СС, зиги (според податоците на авторитетен социолошкоистражувачки центар „Левада-центар“ онаму каде што се одржуваат, „Руските маршови“ се поддржани од 40 отсто од руските граѓани).

Во 2013 година од расистички и неонацистички мотивираното население, според податоците на информативно-аналитичкиот центар СОВА загинало 21 лице, биле повредени 178 лица, 9 лица добиле сериозни закани за убивство. Овие податоци не ги вклучуваат настраданите во републиките на Северниот Кавказ и жртвите на масовните тепачки. Лани такви напади имало во 32 региони од земјата. Според нивото на насилството, како и порано водеше Москва (8 убиени, 53 повредени), Санкт-Петербург (3 убиени, 32 повредени).

Многу настрадале во Липецк (4 убиени, 15 повредени), Московската и  Челјабинската област (по 8 повредени), Краснодарскиот крај (7 повредени), Воронезката и Свердловската област (по 6 повредени).

Освен тоа, значаен број на жртви се забалежани во Новосибирск, Омската (по 5 повредени), Самарската област (4 повредени), Република Коми (4 повредени).

На спомениците на советските војници и на јавните места се почесто се појавува фашистичката свастика и се извршуваат акти на вандализам. На почетокот на 2014 година од ксенофобското насилство повредени се  14 лица во 6 региони од земјата, од кои 6 умреа. 

Според податоците на информативно-аналитичкиот центар СОВА во 2013 година забележани се 136 напади врз етничка основа, што за споредба со 2011 и 2012 година се зголеми за 25 случаеви.

Минатата година не запреа експлозиите и подметнувањата на пожари од екстремната десница со расистички мотиви: во Москва, Санкт-Петербург и Липецк беа направени неколку обиди (барем пет) за  подметнување на пожар и поткопување на згради, хостели и други места населени со мигранти. Се забележува зголемување на бројот на појавите на антисемитизам.

Од десничарските радикални групи се дистрибуира антисемитска литература, на блоговите и социјалните мрежи се наоѓаат повици за еврејски погроми.

На 13 септември 2013 година спроти празникот „Јом Кипур“ во подмосковскиот воз пред станицата „Красково“ на Казанската железница (односно недалеку од познатата синагога во Московската област) група на екстремната десница нападнале припадници на еврејската младина со електрошокови, извикувајќи ги слоганите „Хајл Хитлер! Холокауст!“ Лани во 2013 година во Руската федерација се зголеми бројот на жртвите од верската ксенофобија – 24 лица беа ранети.

Во тој контекст се одделува кампањата на државата против „Сведоците на Јехова“ (од верско мотивираните напади повредени се најмалку 13 лица, во 2012 година - најмалку 10 лица, во 2011 година - најмалку 24 лица).

На 31 декември 2013 година, три млади лица во московското метро барале од лицата што практикуваат ислам да преминат од ислам и ги навредувале. Видео снимката од овој инцидент и од согорувањето на книгата на муслиманите „Коранот“ беше објавена на Интернет.

Во март 2013 година група муслимани (државјани на Таџикистан, Узбекистан, Казахстан и Азербејџан) поднесе тужба против полициските единици во Сургут, чии вработени во едно кафуле ги собориле на под, ги претресле и ги приморале да ги скратат брадите.

електронна газета "Mkd.mk" (Македонія),

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux