• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
"Уште еднаш за националното прашање", статија на Амбасадарот на Украина во Република Македонија Ј.Гончарук во македонскион дневен весник "Нова Македонија" (11.04.2014)
11 април 2014 10:24

Постои таква мисла – «фашизмот победи во Украина, фашизмот ја изгуби Украина». Таа мисла најде место, за жал, и во Рeпублика Македонија. Без докази. Како да е тоа аксиома – тврдење кое се прифаќа без докажување или догма – одредби на веронауката, кое е неоспорувана вистина, што не подлежи на критика. 

И,  што е најважно, така рече Русија.

Зошто имено фашизам? Затоа што темата свесно се развртуваше од некогашната власт во Украина во последната година и пол – две години со учество на руските политички технолози. Се подготвуваа за претседателските избори во 2015 година.

Поради повторен избор на В. Јанукович, на Украина свесно и создаваа во светот имиџ на земја со моќно фашистичко движење, односно кафеавата опозиција на која и се спротиставуваат антифашистите – светлите сили на власта, кои се подготвени да ја очистат државата од тоа зло и да ја зајакнат демократијата.

Навистина се работеше за конечна «белорусизација» на Украина, односно за потполна демонтажа на демократијата.

Но, што да се прави, «фашизмот» дојде на власт, но поради нешто не ја покажува својата античовечка природа – каде е прогонувањето поради етничка и расна припадност, каде е прогонувањето поради поинакво мислење, каде е ширењето на антисемитизмот, каде е безпредупредувачката жестокост во врска со пројавувањата на сепаратизмот, која е својствена на таквиот вид на власт? Каде е воспоставувањето на тоталната контрола на државата врз приватниот сектор?   

Во секоја земја постојат политички сили од различна ориентација, меѓу другото и многу радикални. Украина не е исклучок, но тие сили никогаш, на сите етапи од градењето на државата, не ја одредуваа нејзината политика , а и не можеа.

Значи, се работи за друго.

Ќе се обидам да објаснам зошто Русија се обидува на светот да и наметне мисла за «фашистичка» власт во Украина, врз основа на националниот критериум.  

Тоа го прави примитивно, но ефектно, бидејќи користи проверени средства. «Во големата лага секогаш има голема сила која не принудува да веруваме» - пишуваше еден светски познат теоретичар и практичар на односите со јавноста во книгата «Мојата борба».

Концептуално руската власт излегува од тоа дека Русите и Украинците се еден народ. Ако е така, тогаш треба и да мислат исто. Значи, нас ни го одбиваат идентитетот.

Тој, што мисли поинаку, а такви во Украина има десетици милиони, фашист е или националист, а пред тоа – мазепинец, следбеник на атаманот на Украина И. Мазепа, којшто тргна против рускиот император Петар І.

Признавањето дека сме посебен народ за Русија значи – право на наш сопствен избор на патот на развојот, што не може да се дозволи од гледна точка на нејзините стратешки интереси. Со други зборови, треба да биде така како што ќе рече Русија.

Победата на Евромајданот значеше реална закана на излегувањето на Украина од под руската контрола, затоа почнаа да се превземаат различни средства за да не се случи тоа.    

Оттука, меѓу другото, и барањата за новиот Устав, и федерализацијата, и другиот државен јазик, и не-членството во НАТО, и откажувањето од Спогодбата за асоцијација со ЕУ, и поддршката на сепаратизмот во Југо-Источна Украина, «братската» анексија на Крим, постојана воена закана и така натаму.

Дали вие навистина мислите дека Русија е загрижена за судбината на некогашниот Претседател В. Јанукович или за Русите во Украина?

Главната цел – еднаш и засекогаш на Украина да и се затвори патот во Европа и да ја претвори во своја покорна марионета.

Се чини, не би се негирал и фашизмот во Украина, ако тоа би бил правилен фашизам.

Всушност една од формите на фашизмот е лидеризмот – политика, насочена на зајакнување на еден човек како неприкосновен лидер.

За лидеризмот е типчина личната посветеност на човекот – лидер, признат идеен раководител во цврста централизираната структура (државата, партијата).

 

 

 

македонскион дневен весник "Нова Македонија" , Амбасадарот на Украина во Република Македонија Ј.Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux