• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
"Женева", статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" (22.04.2014
22 април 2014 18:01

Женева

На 17 април во Женева беше потпишан четиристраниот меморандум во врска со решавањето на ситуацијата во Украина. На каков начин се спроведува тоа во пракса.

Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, која престојува во Украина согласно Меморандумот, соопштува за тоа дека само Украина го извршува договореното во Женева. Така, суспендирана е активната фаза на антитерористичката операција.

До Врховната Рада е поднесен нацрт-закон за амнестија на учесниците во масовните немири. Ова ќе се однесува само на демонстрантите кои ќе го предадат оружјето и ќе ги ослободат заземените административни згради, освен осомничените за направени тешки кривични дела.

Министерството за внатрешни работи на Украина и Службата за безбедност на Украина продолжуваат да го запленуваат нелегалното оружје од населението.

На 17 април Кабинетот на министрите на Украина усвои декрет „За организирање дискусија за измени на одредбите на Уставот на Украина за децентрализирање на државната власт“. Со тоа, почнат е процесот на широка расправа за измените на Уставот на Украина. Активно се работи и на реализацијата на концепцијата за реформа на локалната самоуправа и територијалното организирање на власта во Украина.

Парламентарната коалиција се обрати до сите политички сили со повик за потпишување на Меморандум за разбирање за решавање на ситуацијата на Истокот на Украина. Ова е во тесна координација со Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, со претставниците на швајцарското претседателство во ОБСЕ, на САД, ЕУ и на Руската Федерација.

Од 19 до 21 април беа одржани три средби во таков формат, на кои беше присутен, меѓу другото, и претставник на руската амбасада.

 Во исто време контролираните од руските спецслужби нелегални паравоени единици продолжуваат да работат на дестабилизирање на ситуацијата во источните региони на нашата држава и на создавање на основи за нова етапа на воена агресија на Русија.

Министерството за надворешни работи на Русија наместо да ги повика веднаш да го положат оружјето и да ги ослободат зафатените административни згради, да го осудат земањето на заложниците, меѓу другото и на новинарите, како и фактите за ксенофобијата и антисемитизмот кои се шират од сепаратистите, во текот на последните денови почна со нов бран на дезинформации.

Отсуството на каков било доказ за вмешаноста на „Десниот сектор“ во крвавата престрелка во Словјанск, а притоа неаргументирани и неосновани обвинувања на руската страна имаат за цел да ја прикријат својата субверзивна активност, да ја оправдаат сопствената мотивирана неактивност и присуство на руските војски во близина на украинската граница.

Руската страна постојано изразува „загриженост“ за ситуацијата во Украина. Ако е тоа искрено, ако Русија навистина се грижи за безбедноста и територијалниот интегритет на „братската земја“, тогаш таа треба да направи само три едноставни чекори: да престане да го прави тоа што го прави Русија во Украина во текот на последните два месеца, веднаш да го почне процесот на решавањето и да се врати во рамките на меѓународното право.  

Интересно, на каков начин би дејствувала денешна Русија, ако би се разгорувал сепаратизмот на нејзината територија? Дали би допуштила групи вооружени сепаратисти? Одговорот е очигледен.

 

електронското изданије на весникот "Mkd.Mk", Посол України в Республіці Македонія Юрій Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux