На 24 февруари 2023 година, во Домот на Армијата на Република Северна Македонија (Скопје) се одржа Конференцијата „Украина: Година на хероизмот“ посветена на првата година од војната на русија против Украина. Настанот одржан од Амбасадата на Украина заедно со граѓанската организација „CIVIL“ започна со минута молк за невините жртви и херојските украински војници кои загинаа за време на руската агресија.
Конференцијата ја отворија Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието (Парламентот) Талат Џафери, Амбасадорката на Украина Лариса Дир, Заменик претседателот за европски прашања на Владата Бојан Маричиќ, Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Државниот секретар на Министерството за надворешни работи Филип Тосевски.
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, остро ја осуди бруталната руска воена агресија, истакнувајќи: „Украина издржа пред руската агресија затоа што беше решена да ја зачува својата независност по секоја цена. Украина, која во оваа борба плати со илјадници човечки животи, покажа дека демократијата и слободата, а не тиранијата и насилството се одлучувачки избор на секоја нација. Украина е веќе морален победник во оваа војна, бидејќи успеа да го обедини демократскиот свет!“
Обраќајќи им се на учесниците на настанот, Претседателот на Собранието (Парламентот) на Република Северна Македонија, Талат Џафери, истакна: „Восхитен сум од храброста, посветеноста и пожртвуваноста на водачите и граѓаните на Украина, истрајни во праведната борба за слобода. Имајќи го предвид неверојатниот број на загубени животи на Украинци, разрушената инфраструктура, мораме со сите свои сили да ѝ помогнеме на Украина колку што можеме!“
Во својот говор, Министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, која само ден претходно се врати од Украина, истакна дека чувствува ужас, бес и тага од она што го видела во Украина. „Сепак, му се поклонувам на украинскиот народ, кој на светот му покажа дека љубовта кон родната земја е посилна од оружјето на агресорот. Денес се сеќаваме на годината на херојството, отпорот, нескротливоста, храброста, чесноста за бранење на сопствената територија и сме пообединети и поодлучни од било кога. Нашата помош и поддршка ќе ги има се додека Украина и украинскиот народ не го остварат своето право слободно да се движат и живеат на своја територија!“
Амбасадорката на Украина Лариса Дир, особено истакна дека „Храброста на Украинците сега мора да биде поддржана со тенкови, оружје со долг дострел и борбени авиони. Украинците ги даваат своите животи не само бранејќи ја својата суверена територија, Украинците ги бранат вредностите според кои живее демократскиот цивилизиран свет“ (говорот во прилог -
https://bit.ly/3ZirtPz).
На вториот и третиот панел на Конференцијата учествуваа претставници на дипломатските мисии во Северна Македонија, политичари, научници, новинари, активисти и претставници на јавноста, кои одржаа темелни дискусии за најрелевантните теми поврзани со актуелната состојба предизвикана од војната од големи размери на рф против Украина.
Во рамките на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“ на учесниците им се обратија шефовите на дипломатските мисии во Северна Македонија на Албанија, Велика Британија, Полска, Романија, Чешка, ЕУ, САД, Шведска и Јапонија. Конкретно, истакнувајќи дека 24 февруари 2022 година засекогаш ќе остане запаметен како ден кога русија започна брутална, неиспровоцирана и незаконска инвазија на Украина, осудувајќи ја жестоката и агресивна војна на русија против Украина и нагласија дека нема друга алтернатива освен продолжување на курсот на „тројната стратегија“: поддршка на Украина, притисок врз русија за таа да стави крај на нејзината нелегална агресија и помагање на остатокот од светот да се справи со последиците од војната. Меѓу другото, беше истакнато дека ЕУ ќе остане одлучна и обединета во поддршката на украинскиот народ на сите фронтови: хуманитарен, економски, политички, дипломатски и воен. Украина мора да победи.
Покрај тоа, за време на конференцијата беше претставено и авторското издание на главниот уредник на водечкиот македонски медиум „CivilMedia“ Џабир Дерала насловено „Украина: Година на хероизмот“. Збирката вклучува авторски публикации и статии за секој ден од воената агресија на државата-терорист рф. Учесниците на настанот се запознаа исто така и со изложбата на фотографии „Година на Нескршливост“, посветена на годишнината од почетокот на војната на русија против Украина.