Во МНР на Украина се одржа церемонијата на претставувањето на Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин од страна на Претседателот на Украина.
Во својата реч Претседателот на Украинската држава високо ја оцени дејноста на надворешнополитичкиот ресор, особено во услови на денешни предизвици на безбедноста на Украина, и му заблагодари на некогашниот В.Д. Министер за надворешни работи на Украина, Андриј Дешчицја, за ефективната работа на челото на МНР.
Претседателот ги посочи приоритетните задачи, што стојат пред нашата држава и, меѓу другото, пред Министерството за надворешни работи на сегашната етапа. Примарното внимание ќе му се даде на прашањата на обезбедувањето на меѓународната поддршка на планот на Претседателот на Украина за мирно решавање на ситуацијата во источните области на нашата држава, а исто така и на реализирањето на курсот на европската интеграција. Претседателот на државата ја потврди подготвеноста на украинската страна за потпишување на 27 јуни о.г. на економскиот дел на Спогодбата за асоцијација со ЕУ и нејзината понатамошна имплементација.
П.Порошенко му порача на новоназначениот Министер да примени ефективни активности за понатамошно зголемување на нивото на ефективното работење на надворешнополитичкиот ресор.
gov.ua/ua/about-mfa/minister/biography
