Како израз на цврста намера да го заштити животот на луѓето и безбедноста на државата, Претседателот на Украина – Врховниот командант на Вооружените сили на Украина Петро Порошенко ја отпочна реализацијата на мирниот план на решавање на ситуацијата во одделните реони на истокот на земјата.
Прв чекор стана наредбата на Претседателот на Украина на Вооружените сили, на Националната гарда, пограничната полиција и единиците на Министерството за внатрешни работи на Украина еднострано да го прекинат огнот.
На курсот за воспоставување на мир Украина постојано се придржува.
Ставот на Претседателот на украинската држава најде едногласна поддршка од сета меѓународна заедница.
Во одговор на иницијативите, способни да го обноват мирот, милитантите и терористите ги продолжија вооружените напади, дрско кршејќи ги условите за примирје.
Само за една ноќ, 22 јуни о.г., од силите на незаконските вооружени формации беа сторени единаесет стрелби врз позициите на Вооружените сили на Украина во реонот на Краматорск, Славјанск, Артемивска и други градови. Во текот на денот милитантите направија едно по друго серија напади и минофрлачки напади на украинската погранична полиција во реонот на населените места Червонопартизанск, Бирјукове и Ноздривка во Луганштина. Провокациите продолжуваат.
Разбојнички обиди на терористите, насочени на ескалирање на ситуацијата, бараат итна и решителна меѓународна осуда.
Украина се обраќа до сите странски партнери со повик за поддршка на доследните напори на нашата држава за обновување на мирот и безусловно реализирање на одредбите на Женевската изјава од 17 април о.г. од сите нејзини страни.
Главното барање се однесува на Русија. Нашата држава заедно со сета меѓународна заедница очекува од Руската Федерација реална и активна поддршка на мировниот план на Претседателот на Украина, ефективна заштита на границата од терористите и примена на сето безусловно влијание врз незаконските терористички групи на истокот на земјата за итен прекин на огнот и предавање на оружјето од нив. Било какво охрабрување на терористите ќе има критични последици.