• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
“Под нишан”, статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" (15.05.2014)
15 мај 2014 15:12

Нещодавно весь світ справедливо засудив ганебну поведінку депутатів від партії «Свобода» стосовно керівника НТКУ Пантелеймонова. А як же живеться простим, не елітним журналістам, які в перебувають у зоні дії «мирних протестувальників» на Сході України. Спочатку про офіційні висновки.

Неодамна сиот свет праведно го осуди срамното однесување на пратениците од партијата «Свобода» во врска со раководителот на Националната телевизиска компанија на Украина (НТКУ) Пантелејмонов.

А како ли живеат едноставните, неелитните новинари, кои се наоѓаат во зоната на дејствијата на «мирните протестанти» на истоток на украина.

Прво за официјалните заклучоци. На 12 мај беше објавен заеднички извештај на ОДИХР и на ВКНМ (ОБСЕ), подготвен според резултатите од делувањето на заедничката мисија за проценка на ситуацијата во сферата на човечките права во Украина. Мисијата претстојуваше во Украина од 6 март до 17 април.

Значи, со цел на спречување на објективното покривање на масовните собири и протести во конфликтните региони, се случува заплашување на медиумите од непознати лица, при што жртви стануваат како украинските, така и странските новинари, во конфликтните региони настапуваат поддржувачите на единството на Украина и новинарите.
Сега за случаите на притисокот врз медиумите, евидентирани од украинскиот Институтот за масовно информирање во текот на март-мај. Сакам веднаш да забележам дека овој список е некомплетен.

Така:

- во март проруските активисти во Харков влегоа во ТВ каналот Simon и ги принудија да го емитуваат во живо рускиот ТВ канал "Русија 24";

- телерадиокомпанија "Донбас" го суспендира емитувањето поради тоа што во ТВ студиото се втурнаа проруските активисти со барање новинарите повеќе да раскажуваат за нив;

- во Луганск проруските демонстранти ја зазедоа зградата на телевизиската компанија "ИРТА". Толпата ја проби влезната врата, ги зазеде сите кабинети, ги изнесе противпожарните апарати и се закани дека ќе ја изгори телевизиската компанија ако не им ги предадат за уништување сите излезни материјали за сторијата за заземањето на зградата на луганската обласна државна администрација на 9 март;

- во април во Донецк непознати се обидоа да ја заземат Обласната државна телерадиокомпанија, но силите на спроведување на законот одбранија;

- во Харков околу 50 проруски активисти во маски и со палки го искршија хардверот на телевизиската компанија АТН;

- во Луганск на ТВ каналот "ИРТА" непознати ранија тројца чувари, кога тие се обидоа да ги запрат.'

- во Харков непознати се обидоа да ја заземат Харковскиот регионален ТВ предавател, ставајќи пред раководството ултиматум да се обнови радиодифузијата на руските телевизиски канали;

- во Краматорск вооружени напаѓачи два пати (на 17 и на 18 април) го заземаа телевизискиот предавател на Концернот РРТ. Сигналот од него го обезбедува само телевизискиот сигнал на Краматорск, туку и на Словјанск,Горливка и Макиивка. Напаѓачите ги искучија украинските телевизиски канали и наредија да почне емитувањето на руските;

- во Торез, Донецка област, непознати ја уништија и запалија канцеларијата на локалниот весник "Про город".

- ја запалија канцеларијата на весникот «Провинција» во Константиновка, Донецка област.

- во мај, во Торез околу 50 непознати луѓе во маски, вооружени со стапови и палки направија масакр во канцеларијата на општинскиот весник "Горнјак". Нападот врз редакцијата го направија како одмазда за тоа што изданието не објавило информација за делувањето на сепаратистите во градот;

- во Констјантиновка вооружени луѓе ја блокираа редакцијата на весникот "Провинција".

Напаѓачите ја запечатија редакцијата, главниот уредник М. Разпутко и основачот на весникот – Г. Разпутко ги одведоа во штабот на сепаратистите, каде што им кажале дека тие повеќе "не работат во редакцијата на весникот".

- на 8 мај во Донецк претставниците на таканаречената Донецка народна република ја зазедоа зградата на независниот телевизиски канал "Јунион". Вооружени сепаратисти соопштија за намерата да ја контролираат дејноста на вработените на ТВ каналот.

На крајот сторија, што може да се случи на Донбас со каков и да било новинар што се обидува чесно да си ги врши своите професионални обврски.
Рускиот новинар П. Канигин, на 11 мај, го пренесуваше одржувањето на таканаречениот «референдум» во градот Артемивск, Донецка област.

Меѓу другото, објавил на сајтот на своето издание за тоа дека во «референдумот» земаат учество во основа зрели луѓе и постари лица, млади многу малку, дека гласачките ливчиња изгледаат «многу аматерски» - тие се отпечатани на обична хартија, на која нема водени знаци и дека може да се отпечатат на било каков прионтер.

Вечерта, кога новинарот седел со својот германски колега Ш. Шолл во кафуле, таму влегле 5 такнанаречени «милицајци», кои «покажаа претензии», зошто тој «пишува такви работи, што тоа значи «аматерски гласачки ливчиња» и зошто «напишал дека нема младина».

На централниот плоштад на Артемивск, каде што го одведоа, пријдоа други милитанти кои почна да го обвинуваат за соработка со Државниот сектор и ЦРУ, нарекувајќи го «Десен сектор», по што се истурија удари врз него».

Потоа го соблекоа, му ги одзедоа сите пари, компјутерот, мобилниот телефон, му ги извадиле пертлите од чевлите. Му се закануваа со испрашувања, бараа откуп од 30 илјади долари, му се закануваа дека ќе го изнесат во шума и ќе пукаат во него.
На крајот се задоволија со одземените работи и парите. Потоа го удрија по глава. Тој се разбуди на 12 мај во хотел во Донецк.

Значи, таква е едноставната приказна: според податоците на генералното обвинителство на Истокот од Украина вкупно жртви на киднапирање станаа 125 луѓе.

 

електронна газета "Novatv.Mk" , Амбасадор на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux