• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«Референдум», статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" (13.05.2014)
14 мај 2014 12:37

Самиот „референдум" се подготвуваше и се одржуваше во услови на заплашување, насилен притисок и очигледни измами.Ре зултатите од „референдумот" беа определени однапред. На соодветен начин се одвиваше и гласањето.

Например, новинарите на изданието „Новини Донбасу“ поради експеримент гласаа на 4 изборни места за „сопругата и соседот“. На соодветен начин имаа можност да делуваат и делуваа и другите. Гласачките ливчиња почнаа да се делат уште од четврток. Гласањето се одржуваше и директно на улиците, меѓу другото и со фотокопирани гласачки ливчиња.

За придржувањето кон процедурите никој не се грижеше - какви „народни републики“, такви и „референдуми“. За да се проектира сликата за „сенародно изразување на волјата“, во некои градови вештачки беа ограничени избирачките места. Се дејствуваше по принципот: колку помалку луѓе, толку поголеми редици. Фотографии од гигантски редици го обиколија светот…

Во полумилионскиот Мариупол имаше 4 избирачки места – по едно за секој реон од градот, иако вообичаено ги има – 214.  Може само да се замисли.

Во самиот Донецк имаше отворено 80, наместо 371 гласачки места за 706  илјади избирачи или неколку пати помал број на изборачки места отколку вообичаено. Таквата слика се забележа во многу градови.

Може само да се чудиме како организаторите успеаја за еден и пол час да пребројат повеќе од 2 милиони гласови во Донецката област и да ја наречат цифрата за поддршка 89,07%. Тоа истото се однесува и за Луганската област.

Од друга страна пак, украинските безбедносни структури во близина на Славјанск пресретнале автомобил со терористи кои со себе носеле повеќе од 100 илајди гласачки ливчиња со веќе ставени ознаки во полето „да“.

За време на референдумот покрај градот Мариупол Службата за безбедност на Украина заплени повеќе од 10 илјади такви гласачки ливчиња, во градот Новоазовск  - 800 парчиња...

Посебно внимание заслужува фарсата одржана во Москва (сигурно повторно не го послушаа В.Путин; некој вистински либерализам), каде исто така гласале граѓани со украински пасоши.

Дали под вакви услови може да се предизвика доверба според сите показатели за објавените „резултати“ на незаконскиот референдум?

Секако дека имаше многу луѓе кои гласале свесно. Не треба да се заборави дека според последните социолошки испитувања најмалку третина од 7,5-милионското население на Донбас беше за влез во Руската Федерација.

Одржувањето на 11 мај, на инспирираниот, организираниот и финансираниот од Кремљ нелегитимен референдум за статусот на Донецката и Луганската област е правно ништовен и нема да има никакви правни последици за територијалниот интегритет и поредок на Украина. 

Организаторите на оваа криминална фарса свесно тргнаа и во кршење на Уставот и законодавството на Украина, ги игнорираа повиците на украинската власт и на меѓународната заедница.

Украинскиот народ не признава никакви терористички референдуми, ниту на Донечина, ниту Луганшчина, ниту на Крим.

електронското изданиjе на весникот "Mkd.Mk", Амбасадор на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux