• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«Трагедија, која можеше да не се случи?» статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" (08.05.2014)
13 мај 2014 18:11

Во последните два месеци, ситуацијата во Украина се развива по опасно сценарио, чиј автор престојува надвор од нејзините граници и тука треба да му се признае – умешно го остварува неговото реализирање, не штедејќи ниту пари, ниту луѓе, дејствувајќи по принципот - на победникот не му се суди.

Главната работа – да се создаде од Украина слика на непријател на човештвото, за потоа „законски“ да се ослободи светот од таа „опасност“.

Токму така треба да се разгледуваат настаните што се случија на 2 мај во Одеса. Постојат сите причини дека тие беа однапред испланирани со акција, чија цел беше да се предизвика експлозија од насилство во тој град и да се дестабилизира ситуацијата во сиот јужен регион на Украина.

Инаку како може да се објасни нападот на проруските активисти со палки и камења во рацете на мирниот марш за единство на Украина, што бројно значајно ги надминуваше напаѓачите.

Речиси веднаш тие применија огнено оружје. Се појавија повредени и убиени патриоти.

Милицијата беше неактивна дури и тогаш, кога се користеше оружјето во нејзино присуство. Доказ за тоа се фотографски и видео документи, кои секој што сака објективност може да ги види на Интернет.

Тоа се факти, како и тоа дека од полицијата на Украина се уапсени државјани на Руската Федерација, кои учествуваа во провокациите во Одеса.  

Тоа, што неказнено помина во Донецк, Луганск, Харков, Рубижне (Луганска област), беше отфрлено во Одеса: нападот беше одбиен и напаѓачите се претворија во гонети кои се забарикадираа во Домот на синдикатите.

Таму се случи страшна трагедија – од внатрешен пожар загинаа повеќе од 38 луѓе. Дали тој беше случаен? За жал, не. Тоа е последица на разнишување на внатрешнополитичката ситуација во Украина на каков било начин.

Истрагата е во тек, се појавуваат докази за тоа дека трагедијата во Домот на синдикатите беше планирана однапред ..

Сигурен сум дека ќе бидат именувани не само непосредните виновници на трагедијата, туку и нивните куклари и спонзори како во Украина, така и во странство. Ние ја сакаме вистината, без разлика колку горка таа би се покажала.

За руската страна истрагата не е потребна, нејзе се и е јасно. Министерството за надворешни работи на Руската Федерација веќе следниот ден изјави, повторувајќи во суштина претходно кажаната од руската ТВ верзија дека трагичните настани во Одеса се „перцепира како уште една манифестација на криминална неодговорност на киевската власт, која ги поттикнува дрските национал-радикали, вклучувајќи го и „Десниот сектор“. 

Нејасно им е на сите други, бидејќи постојат многу прашања.

Таквиот став беше отфрлен, меѓу другото и во изјавата на Стејт департаментот:  „Денес меѓународната заедница треба да ги обедини напорите за поддршка на народот на Украина. Насилството и немирите кои се претворија во толку бесмислени смртоносни случаи се неприфатливи. Ние ги повикуваме сите страни да работат заедно, за да се врати мирот, законот и редот, и ние ја повикуваме владата на Украина да почне со детална истрага и да ги изнесе виновниците пред лицето на правдата".

Русија продолжува да дејствува по принципот, што се формулираше од постојаниот претставник на РФ при ООН, В.Чуркин – „лагата не е нужно извртување на фактите, туку селективно претставување на својот став“.

Така, на 6 мај, во Виена,  министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров изјави дека „на 2 мај, во Одеса, невооружените луѓе, меѓу другото жени, биле живи изгорени во Домот на синдикатите. На тие, што се обидувале да се спасат, скокајќи преку прозорците, бил отворен оган. Се исмејувале над труповите. Се радувале на нивниот број. Не криеле дека ја слават победата над Русите. Ние станавме сведоци на вистински фашизам“. Ако е тоа така, тогаш тоа е фашизам. А дали беше така?

Факт е тоа дека нас сакаат да не скараат: да се подигне ѕид на меѓунационална омраза – пострашно не може да биде. Не треба да не делат на Руси и Украинци, бидејќи линијата на спротиставувањето во Украина не поминува по етничка основа, што нас постојано и успешно ни го наметнуваат, што и е вистински фашизам.

Би сакал само да спомнам дека прва жртва на нередите во Одеса стана активистот на „Евромајданот“ Андриј Бирјуков, Русин по потекло.

електронското изданије на весникот "Mkd.mk" , Посол України в Республіці Македонія Юрій Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux