• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
(2“Новинари?”, статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" 2.05.2014)
22 мај 2014 12:39

Руските новинари „се одликуваат" со херојски подвизи не само на боиштата на информативната војна против Украина.

На 18 мај, украинските безбедносни сили во реонот на аеродромот на градот Краматорск  за време на специјалната операција приведоа двајца Руси – О. Сидјакин и М. Сајченка, снимател и дописник на телевизиската компанија Лајфњуз. Легитимации, патем тие немаа. Ги земаа едноставно во заседата на милитантите, кои токму ја местеа позицијата за време на користењето на преносниот зенитно-ракетен комплекс.

Се крена голема галама. Министерот за надворешни работи на Руската Федерација С. Лавров лично се обрати до актуелниот шеф на ОБСЕ со повик итно да се применат сите можности за да бидат веднаш ослободени. Портпаролот на Службата за безбедност на Украина изјави дека О. Сидјакин и М. Сајченко признале дека во Украина не пристигнале како новинари. На границата тие рекоа дека целта на посетата е некаков концерт.

Вистинската цел беше да се дојде до Славјанск за придружување на терористите и прикажување на нивната „активност“. Згора на тоа, тие уште љубезно дадоа место на преносниот зенитно-ракетен комплекс  во својот автомобил.

Руските новинари (барем на таквите агенции, како што се ИТАР-ТАСС, Раша тудеј, Расија-24, ОРТ, Камсомољскаја правда) сами себе се дискредитирале со непосредното учество во нечовечкото однесување со луѓето, водење на распит на уапсените граѓани на Украина, а исто така и со повлекувањето од борбата со тортурата и мачењето на луѓето (граѓаните на Украина), притворени од терористите.

За време на подготовката и дистрибуцијата на приказните за вработените во Службата за безбедност на Украина С.Потемскиј, Е. Варинскиј, Р. Кијашко, заробени од терористите, на 27 април во градот Горливка, руските репортери:

- остварувајќи де-факто распит на приведените, лишени од можноста да гледаат и се движат, зедоа учество во нечовечкото однесување со луѓето;

- при фото- и видеоснимањето на де-факто распитите, маскираните, под „новинарски репортажи“, репортери на споменатите агенции сакаа да ја избегнат личната самоидентификација, криејќи ги сопствените лица и заменувајќи ги со логоата на информативните агенции на микрофоните;

- свесно правеа брутално фото- и видеоснимање на посочените граѓани на Украина во полугола состојба, што јавно го понижува човечкото достоинство;

- избегнаа какви било проценки и потврдување на фактите на тоа дека притворените и затворени граѓани на Украина беа изложени на тортури и измачување на терористите (тепање, врзување, соблекување), чии траги се евидентирани во фото и видеоматеријалите;

- стапија во непосреден контакт со вооружените терористи и во суштина беа на нивна страна.

Смешно, да не беше толку тажно.

На 18 мај во прилогот на каналот Расија 1 за ситуацијата во Украина се појавија кадри, со антитерористички операции на Северниот Кавказ, беа пропратени со следните зборови: „Секој ден гинат мирните жители. Недалеку од Славјанск националната гарда застрела човек. Покрај телото оставија оружје, ставајќи до знаење дека убија непријател“.

„Тоа може да биде грешка на компјутерот. Или млади нимфи-монтажерки нешто погрешно земале“, ја коментираше ситуацијата директорот на агенцијата „Расија сиводња“ и заменик директорот на Серуската државна телерадиокомпанија Д. Киселов.

Се е како и секогаш – „шерж ла фам“. Со еден збор, се случи грешка – на погрешно копче притиснаа. Потоа случајно ќе го притиснат копчето за активирање на преносниот зенитно-ракетен комплекс, ако веќе не го притиснаа, а можеби и копчето за активирање на големата ракета.

Тие сите умеат, бидејќи тие се доблесни воини на црниот пи-ар.

Но, дали се тие новинари?

електронското изданије на весникот "Mkd.mk" , Амбасадор на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux