На 29 мај 2014 година. Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати писмо до новоизбраниот шеф на украинската држава г. Петро Порошенко по повод изборот на функцијата Претседател на Украина. Честитката е објавена на веб-страницата на претседателот на Република Македонија. http://www.president.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-41-54/2675.html
Почитуван господине Порошенко,
Ми претставува особена чест и задоволство, во име на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Украина, со искрени желби за успешно извршување на оваа висока и одговорна функција.
Ја користам оваа пригода да ја повторам мојата лична увереност дека во периодот што следи, со заемен ангажман можеме да придонесеме за јакнење на традиционално пријателските односи и за уште поплодна соработка, како на билатерален така и на мултилатерален план.
Ваша Екселенцијо, имајќи ја предвид актуелната ситуација во Украина, сакам да ве уверам дека Република Македонија ги поддржува сите обиди, кои можат да донесат мир и стабилност во вашата земја. Убеден сум дека пријателска Украина преку дијалог, со политички и дипломатски средства ќе успее да се справи со предизвиците и ќе продолжи по патот на обезбедување просперитетна иднина на своите граѓани.
Со најискрени честитки и желби за Ваша успешна работа, Ви ги упатувам, изразите на моето високо почитување.
д-р Ѓорге Иванов