• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«АКО СЕ ПРИСОЕДИНАТ КОН РУСИЈА РУДАРИТЕ ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА УЛИЦА», СТАТИЈА НА ПРВ СЕКРЕТАР ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА НА АМБАСАДА НА УКРАИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА РОСТИСЛАВ ПАЛАГУСИНЕЦ ВО МАКЕДОНСКИОН ДНЕВЕН ВЕСНИК "ДНЕВНИК" (04.06.2014)
05 јуни 2014 11:15

Приврзаниците на присоединувањето на Донбас кон Русија како еден од нивните аргументи ја нарекуваат неопходноста од спасот на локалната индустрија, која, според нивното мислење, неповратно ќе го уништи курсот кон евроинтеграцијата.

Распространетиот во тие краеви мит за тоа дека «Донбас го рани остатокот од Украина» се развејува исто така лесно, како што се развејува и чадот од оџакот на индустриското претпријатие.

Географски, јаглените резерви на Украина се концентрирани во петте области на Украина — пред се во Донецката, Луганската, Днепропетровската. Најголемиот дел од резервите на јаглен е концентриран во Донецкиот јаглен базен. Според геолошките резерви на ископниот јаглен Украина зазема прво место во Европа и осмо во светот. Потврдените резерви на јаглен во Украина изнесуваат 34 милијарди т, а прогнозирачки — околу 120 милијарди т. Правејќи едноставни математички пресметки може да се дојде до заклучок дека испитаниот јаглен на земјата ќе и биде доволен за наредните 400 години.

Вкупно во Украина има околу 160 рудници, од кои 140 — државни. Во моментов во претпријатијата од гранката што се занимава со ископување на јаглен се вработени повеќе од 150 илјади работници.

Производство на јаглен во Донбас веќе подолго време е непрофитна работа, згора од тоа, влече од централниот буџет годишно околу 1,5-1,7 милијарди $ во вид на дотации, претежно со цел на компензирање на разликата меѓу продажната цена и трошоците на неговото производство (ископување).

Просечна цена по тона изваден јаглен од државните претпријатија  во 2013 год. изнесуваше околу 62 $. А просечна цена на производство на една товарна тона во 2013 година достигнуваше 162 $. Според тоа, државата им даваше на рударите компензација во износ од 100 $ за секоја извадена тона. Загубата е очигледна. 

Гранките на економијата, вештачки поддржувани од државата, по правило се нерентабилни. Колку повеќе се произведува, толку повеќе се добиваат субвенции. Од своја страна производителите ги преплавуваат пазарите со производи, а цените на тие производи нагло паѓаат. Зависноста на производителот од големината на субвенциите расне, што доведува до зголемување на помошта за одржување на производителот и го оптоварува државниот буџет со дефицит.

Анализа на ситуацијата покажува дека, ако државата би решила потполно да ги затвори рудниците што работат, а постоечките дотации на гранката да ги насочи на социјална помош на рударите, тогаш последните би можеле да добиваат по 10 илјади долари САД годишно секој.

Последователно, се поставува реторичко прашање: «Кој би сакал да има такво «богатство», кое не носи профит, туку  исцицува од буџетот на земјата милијарди долари»?..

Во Русија од државната поддршка на рудниците се откажаа уште во 2005 год. Како резултат на природна селекција на државните рудници тие како такви во Русија не останаа, освен тие што се во состојба на ликвидација. Практично сето производство на јаглен се води од приватни компании.

Руските претпријатија во својата дејност се концентрирани не во рудниците, туку јагленокопи, што е суштински поевтино во работењето.

Квалитетот на рускиот јаглен е повисок од украинскиот, имајќи ги во предвид содржината на сулфур и показателите на пепелта. Не случајно украинскиот јаглен практично не се извезува, туку во «доброволно-задолжителни» цели се насочува за потребите на домашните енергетичари, меѓу другото со помош на воведување за нив на ограничувања за увоз на јаглен.

На пример,  ПАД "Центренерго", кое е едно од водечките производители на електричната енергија во Украина, со одлука на владата е обврзано да купува јаглен од државните рудници.

Во РФ таквите форми на поддршка на индустријата на јаглен ги напуштија уште во 1990-те години. Затоа, во случај на хипотетичко присоединување на Донбас кон РФ украинските државни рудници ги чека стечај со сите оптоварувачки последици од социјално-економски карактер за регионот.

Конкуренцијата со руските производители на јаглен не ќе ја издржат ниту во квалитетот ниту во цената. На Кузбас средна цена за јаглен се движи во границите на 20-22$/т, а на Донбас – 162$/т.

Така да за донецките и луганските рудари присоединувањето кон Русија би значело да се најдат на улица без средства за живот.

 

 

 

 

 

македонскиот весник "Дневник" , Прв секретар за економски прашања Ростислав Палагусинец

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux