• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«Киднапирање на руски начин», статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Novatv.mk" (13.06.2014)
13 јуни 2014 16:58

Руската страна не само што се обидува да ја уништи европската иднина на Украина, туку сака да го лиши од иднина и нашиот народ.

На 12 јуни 2014 година, во градот Снижне, Донецка област, од страна на вооружени лица, претставници на таканаречената “ДНР”, беше киднапирана група од 28 државјани на Украина, меѓу другото 25 деца -сирачиња и воспитаници на детски домови од семеен тип, кои беа упатени на рехабилитација во Днепропетровската област. 

Злонамерниците под закана со оружје го присилија возачот на автобусот да го смени правецот на движењето кон украинско-руската граница со цел на извезување на децата во Руската Федерација.

Сега 18 лица од составот на групата се превезени во РФ и престојуваат во градот Донецк, Ростовска област.

Покрај другото, правната анализа на наведената ситуација сведочи за грубо прекршување од руската страна на превземените врз неа меѓународни обврски во поглед на почитувањето на правата на децата во рамките на мултилатералните конвенции, меѓу другото на членовите 11 и 35 од Конвенцијата на ООН за правата на детето, и, имајќи го во предвид немањето на документите што ќе дозволат извезување на децата во странство, дозволува да се квалификуваат дејствијата на злонамерниците како меѓународно киднапирање и незаконско преместување на децата со соодветни правни последици за нив и другите страни, со чија помош или премолчена согласност е направен овој криминал.

Таквата позиција на руската страна, која ги прави украинските деца заложници на својата политичка игра, треба да добие соодветна критика од меѓународната заедница.

Ги повикуваме сите наши партнери на вмешување поради обезбедување на итно враќање на малолетните државјани на Украина во Татковината и решителна осуда на таквите непринципиелни дејствија, што доведуваат до прекршување на правата на децата и до страдање на децата.

Русија се обидува со сите сили да ја доведе светската заедница во заблуда во врска со својата “невиност” во трагичните настани, што се случуваат во Источна Украина, но се повеќе станува поочигледна, не за нас, туку за сите други нејзината клучна улога на провокатор и спонзор на тероризмот во Донбас.

 

електронското изданије на весникот "Novatv.mk", Амбасадор на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux