• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«Дали Русите сакаат мир?», статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" (13.06.2014)
13 јуни 2014 17:16

На 7 јуни прес-службата на претседателот на Руската Федерација соопшти дека Владимир Путин даде укажување на пограничната служба на Федералната служба за безбедност на Русија да ги преземе сите неопходни мерки за зајакнување на режимот на заштитата на државната граница на Русија со Украина со цел на избегнување на нелегални преминувања.

Тоа изгледаше симболично со оглед на тоа што на тој ден се одржа инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Украина П. Порошенко, а пред тоа во Париз се случи првиот контакт меѓу претседателите на двете земји. Сосема логично може да се претпостави дека одлуката на В. Путин е последица на нивната средба. 

Ненамерно тогаш се појави помислата – зарем Русија ќе го суспендира протокот на борците, оружјето и техниката преку руско-украинската граница?

Timeo Danaos et dona ferentes – Плашете се од Данајците и кога дарови носат.

Навистина два дена подоцна Министерството за надворешни работи на Украина категорички ги осуди „фактите за грубото прекршување од Руската Федерација на режимот на државната граница, кои не престануваат и покрај сите легитимни барања на меѓународната заедница и на украинската власт. Пограничната служба на ФСБ и другите одговорни органи на Руската Федерација продолжуваат да го помагаат незаконското преместување на вооружените организирани формации и милитанти на територијата на Украина“.

Притоа растат и квантитативните и квалитативните показатели на борбената опрема и нејзината разновидност: се појавија оклопни транспортери, заробени од руската армија на Крим и првите 3 тенка Т-72, кои се наоѓаат во нејзино вооружување.

Очигледно тоа е таа „хуманитарна помош“ на мирното население на Донбас, на чие давање толку настојчиво инсистира руската страна во текот на последната седмица.

Екипажите на тенковите не го кријат своето руско потекло и изјавуваат дека се дојдени да ја „ослободат Украина“. На 11 јуни на украинската територија пристигна редовна партија на руски платеници – 200 мажи. Се очекува исто така појавување на околу 80 диверсанти-кримјани, кои ја завршија подготовката во центарот за обука на ФСБ во близина на Ростов-на-Дон. На 12 јуни границата ја премина колона од оклопни транспортери и оклопни КАМАЗ-и со топови.

Руските граничари, без оглед на официјалното известување на украинската страна за временото затворање на шест контролни пунктови во Донецката и Луганската област, почнаа да соработуваат со милитантите на тие контролни пунктови.  

На таков начин, наредбата на Владимир Путин за зајакнување на режимот за заштита на украинско-руската државна граница, останува како само уште една декларација.

Во оваа ситуација, фарисејство е изјавата на министерот за надворешни работи С. Лавров за недостаток од „напредок“ во решавањето на кризата.

И тоа веќе никого не го чуди. „Ние секогаш сме покажувале максимална сигурност во нашите договарања“, изјави деновиве В. Путин. Тоа и не може да биде кога се работи за поддршка на проруските милитанти.

Веќе е забележана тенденцијата – само што ќе се суспендира активната фаза на антитерористичката операција (АТО) на барање на руската страна, тогаш се случува значително зајакнување на терористичките групи. Четири дена владееше затишјето – се појавија тенкови. С. Лавров настојува за прекин на огнот на Истокот на Украина – значи треба да се очекуваат авиони...

Принципот е познат: Si vis pacem, para belum – ако сакаш мир – подготвувај се за војна.

електронското изданије на весникот "Mkd.mk", Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux