• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«Граница на пристојност на руски», статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Novatv.Mk" (23.06.2014)
26 јуни 2014 11:13

 Пред повеќе од една седмица, во Киев, се случи непријатен инцидент, поврзан со обидот за напад на руската амбасада. Но поради нешто поголемо внимание предизвика епизодата со ненормативното изразување на тогашниот в.д. министер за надворешни работи на Украина адресирано до Претседателот на Русија.

Во врска со тоа министерот за надворешни работи на РФ рече дека изјавата, што си ја дозволи украинскиот колега, «ја преминува границата на пристојност».
Да, навистина, тоа што се случи во Киев е вонреден настан за сферата на дипломатијата која предвидува софистицирано однесување, на соодветен начин изразени мисли и ставови, иако не чувствуваш никаква симпатија кон својот визави.

Класично е во тој контекст сеќавањето на лидерот на октомвриската револуција Владимир Ленин на средбата во февруари 1918 год. со членот на француската воена мисија де Луберсак, кој нудеше услуги во суспендирањето на движењето на германската армија на Петроград: «Ние се ракувавме со францускиот монархист, знаејќи дека секој од нас со задоволство би го обесил својот «партнер».

Но, што ли кријат припремите на преговорите, насмевките на дипломатите, нивните добри манири? Многу често сосем непристојни работи, обиди од бело да се направи црно и обратно.

Ако внимателно и непристрасно во контекст на денешната ситуација во Украина се третира инцидентот, што се случи во Киев на 14 јуни кај руската амбасада, кој освен осуда не може да предизвика никаква дуга реакција, тогаш се разјаснува дека тоа е последица на однесувањето на Русија која генерално не е засегната од никакви морални принципи во градењето на курсот во однос на мојата земја.

Зар има право таа држава да зборува за граници на пристојност по анексијата на Крим, по стотици смртни случаеви во Донбас, што произлегоа од употребата на руското оружје, што во широк проток заедно со платениците се разлеваат во рударскиот крај?

Претседателот на Украина П. Порошенко го предложи Планот за мирно решавање на ситуацијата во источните региони на Украина, што се состои од 15 точки и опфаќа широк круг на активности од прекинот на огнот до програмата за создавање на работни места и обновување на објектите на индустријата и социјалната инфраструктура.

Ефективноста на тие активности во голема мера зависат од реалната поддршка на мирното решавање од страна на Руската Федерација.

На 21 јуни, на сајтот на Претседателот на РФ се појави соопштение за тоа дека «Претседателот на Русија го поддржува решението на Претседателот на Украина Петро Порошенко за прекин на огнот на југо-истокот на Украина, а исто така објавената од него намера да превземе редица чекори за достигнување на мирното решавање».

А какви се практичните дејствија на Русија?

Претседателот В. Путин објави за доведување во целосна борбена готовност на војските на Централниот воен округ. На границата со Украина одново се создава моќно воено групирање.

Доаѓа информација за тоа дека во руските тенковски колони има тенкови со украински препознатливи знаци, а руските војници облекуваат украинска униформа. Зошто? За да одговара на вистината изјавата на Врховниот командант – во Украина нема руски војници.

Руската државна информативна агенција РИА Новости на својот сајт објави оглас таканаречен «ДНР» во врска со примање на борци за следни воени специјалности како што се механичари-возачи, ловци и командири на тенкови.

Како да се подготвуваат за создавање на тенковски единици. А тенковите од каде ли се? Правилно, од Русија. Зошто? За хуманитарна помош.

електронското изданије на весникот "Novatv.Mk", Амбасадорот на Украина во Република Македониja, Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux