• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
“Од противракетниот зенитен комплекс по мировниот план”, статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.Mk" (23.06.2014)
26 јуни 2014 11:46

На 20 јуни претседателот на Украина Петро Порошенко го претстави мировниот план за решавање на ситуацијата во источните области на Украина и најави престанок на употребата на сила од 22 часот на 20 јуни до 10 часот на 27 јуни

Наспроти овие напори насочени на спречување на понатамошни жртви на истокот на нашата земја, поддржани од руската страна незаконските вооружени групи продолжуваат цинично да ги убиваат украинските граѓани.

Минатата ноќ, во близина на Словјанск, погоден од ПЗРК беше  соборен хеликоптер МИ-8, при што загинаа 9 украински војници.

Во текот на денот како последица од стрелбата на терористите на контролниот пункт на вооружените сили на Украина загинати се уште 2 и повредени 4 војници.
Во целина, од 20 јуни се случија повеќе од 40 инциденти со примена на оружје од страна терористите.
Уште еднаш се уверуваме дека на проруските терористи не им е потребен мир, тие дојдоа со војна и нема да запрат пред ништо во уништувањето на мирот и безбедноста во Украина.

Сите овие ужасни случаи сведочат за тоа дека покрај декларативните изјави на Руската Федерација, руските терористи чувствуваат неказнивост и поттикнување.

Москва ниту еднаш не ги осуди терористичките акти, принципиелно не изразува сочувство по повод бројните жртви, кои речиси секојдневно ги трпи Украина од оружјето на милитантите и терористите.

Неодамна Министерот за надворешни работи на РФ, и тоа не веднаш, Сергеј Лавров изјави за тоа дека терористите се мирни жители кои земаа оружје во раце за да ги заштитат своите од вооружените луѓе што дојдоа.

Претходно една општествена организација ги повика медиумите на Република Македонија да „не користат термини од типот на бунтовници, сепаратисти, терористи, милитантни сили и други непримерени изрази при известувањето за актуелните настани во Украина“.

А што би кажале тие бранители, незнаејќи кого го бранат (во тоа сум апсолутно уверен), кога би дознале за шестдневното измачување на брачниот пар од Луганшчина за тоа што тој дома чувал украински симболи? Дали би и погледнале во очи на мајката на младиот пограничен полицаец, што беше повреден на 2 јуни и некое време се криеше кај роднините? На 23 јуни тој беше убиен од милитантите со истрел во глава на работ од родното село, кога одеше да се види со мајка му. Дали можеби тие ќе ја вратат во живот 34-годишната жена од Краматорск која на 24 јуни ја застрелаа бунтовниците во автомобилот поради тоа што таа не застанала на нивно барање? Или можеби ќе го оправдаат со високи цели грабежот на сепаратистите на рудникот „Комсомолец на Донбас“, каде на 21 јуни беа украдени 17 автомобили, банкомат, а исто така беа приведени и директорот и заменик директорот на рудникот?

Убиства, разбојништва, малтретирања, киднапирање на луѓе, други злосторства – тоа е секојдневна пракса на територијата окупирана од руските платеници и „мирните жители кои зедоа оружје в раце“, кои се всушност најголемиот дел од незаконски вооружените групи.

И на самиот крај, на 25 јуни во Донецк милитантите го зазедоа христијанскиот центар за одвикнување од зависност од алкохол и дрога „Карпа на спасот“. Очигледно сакаат да ја поминат терапијата за лекување.

електронското изданије на весникот "Mkd.Mk", Амбасадорот на Украина во Република Македониja, Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux