• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«KВО ВАДИС, РУСИЈО?», статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во весникот "Дневник.mk" (04.07.2014)
04 јули 2014 11:08

…Есента 1922 година од Петроград со парабродите „Прусија“ и „Обербургомистр Хакен“ го испратија во прогонство цветот на руската интелигенција – повеќе од 60 руски мислители од светски размери, а исто така и политички дејци, писатели, научници и др. Причината беше едноставна – обвинение за контрареволуционерна дејност. Вистината – поинакво мислење. Да ги стрелаат веќе не можеа, затоа решија да се ослободат од нивното присуство.

Овој настан влезе во историјата под назив „филозофски параброд“. Патниците на парабродите беа вистински носители и достојни претставници на рускиот свет, на неговите моќни интелектуални можности. Тој просветителски свет отплови тогаш на „филозофскиот брод“: повеќе никогаш во Русија немаше таква ѕвездена плејада филозофи.

Се разбира, Владимир Ленин, идеен инспиратор на депортацијата, воопшто не беше загрижен за идеите на рускиот свет, неговата задача беше да се направи светска револуција. За „рускиот свет“ се загрижи Владимир Путин, чија задача стана обновување на империјалната моќ на Русија. И ако Ленин беше апологет на пролетерскиот интернационализам, тогаш Русија сега е обвиткана со националистички чад. Независна Украина секогаш беше за претседателот на РФ „историско недоразбирање“, кое тој сега се обидува да го елиминира. Добар изговор за тоа стана присуството на многумилионското население што зборува на руски јазик. И не е важно што него никој не го угнетувал. „Главната работа е во тоа, што ние секогаш ќе ги штитиме етничките Руси во Украина и тој дел од украинскиот народ, кој ја чувствува својата неделива не само етничка, туку и културна, јазична врска со Русија, се чувствува како дел од широкиот руски свет“, изјави Владимир Путин во април.

Понатаму, како што велат е „работа на техниката“. Образложението е едноставно – лага. „Во Украина, како што видовте во опасност се најдоа нашите сонародници, руските луѓе, луѓето на другите националности, нивниот јазик, историја, култура, законските права, гарантирани, всушност, со општоевропските конвенции“, укажуваше на 1 јули претседателот на РФ пред руските амбасадори и постојаните претставници. „И сакам сите да разберат: нашата земја и понатаму енергично ќе ги брани правата на Русите, нашите сонародници во странство, ќе го користиме за тоа сиот арсенал на достапни средства: од политички и економски – до предвидени во меѓународното право хуманитарни операции за самоодбрана“, истакна тој.

Всушност, „Рускиот свет“ – тоа не е грижа за сонародниците, тоа е обид да се искористи населението што зборува руски јазик и неговата љубов кон Русија, во зависност од ситуацијата, во улога на фактор на влијание или дури како петта колона за уништување на независни држави - соседи на РФ. Kаква цинична експлоатација на чувства. Тоа денес го гледаме во Украина. Практични отелотворувачи на идејата станаа руските платеници и професионални војници, кои се далеку од просветители, но затоа умеат добро да стрелаат. „Рускиот свет“ доплива до нас не на „филозофскиот параброд“, туку пристигна на тенкови и оклопни транспортери. „Рускиот свет“ во Украина – тоа е загуба на луѓе и уништување, а најстрашното – се осакатуваат човечките души.

Принципите на рускиот свет очигледно се разликуваат од принципите на цивилизираниот свет. На тоа потсети на 1 јули Парламентарната асамблеја на ОБСЕ, која донесе резолуција под елоквентен наслов „Очевидно, грубо и непоправливо прекршување на хелсиншките принципи од страна на Руската Федерација“. Во неа се осудува „очевидното, грубо и непоправливо кршење на хелсиншките принципи од страна на Руската Федерација во поглед на Украина, меѓу другото особено флагрантното кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на оваа земја“ и разните форми на принуда од страна на РФ, насочени на угнетување на својствените права на суверенитетот на Украина. Таквите дејствија се нарекуваат неиспровоцирани и базирани врз апсолутно неосновани претпоставки и поводи.

Искажана е жал по повод вооружената интервенција, реализирана од контролираните од Руската Федерација сили во Украина, а исто така повреди на човечките права, што тие продолжуваат да ги генерираат. Тоа е „воена агресија заради сопствени интереси“, констатира документот. Kаде одиш, Русијо?

весникот "Дневник.mk", Амбасадарот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux