• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«Дали Русите сакаат мир – 2», статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Novatv.mk" (16.07.2014)
16 јули 2014 17:20

Пред месец дена во статијата «Дали Русите сакаат мир», објавена во МКД.МК, јас го напишав следното: «Веќе е забележана тенденцијата – само што ќе се суспендира активната фаза на антитерористичката операција (АТО) на барање на руската страна, тогаш се случува значително зајакнување на терористичките групи. Четири дена владееше затишјето – се појавија тенкови. С. Лавров настојува за прекин на огнот на Истокот на Украина – значи треба да се очекуваат авиони...»

Потоа се појавија инсталациите «Град», стана разноврсно вооружувањето за сметка на снабдувањето од Русија. Тенкови, артилериски системи, хаубици и веќе не е екзотика, туку редовно вооружување на сепаратистите.

При што нивното количество постојано расте. И дури загубите не се чувствуваат во арсеналот. По ослободувањето на Словјанск, во градот беа пронајдени, токму пронајдени, три тенка.

Во последно време колони од оклопна техника од Русија преминува преку границата секој ден, дури два пати на ден, како што тоа беше на 13 јули. При што тоа се прави дење, а не ноќе, како што тоа беше порано. Веќе никој ништо не крие.

Сега го очекуваме појавувањето на првите авиони. Веќе неколку дена се води упорна информативна кампања од другата страна за да се создадат услови за нивно «легализирање». На 14 јули, над територијата на Украина, во реонот на границата со Русија беше соборен воено-транспортен авион АН-26, којшто испорачуваше товар на украинските падобранци.  

Во својот извештај Министерот за одбрана истакна дека со оглед на тоа што авионот леташе на висина од 6.500 м, неговото погодување од преносливите зенитни комплекси, кои се наоѓаат во вооружувањето на милитантите, е невозможно, односно авионот беше погоден со друго, помоќно ракетно оружје, коешто беше употребено, веројатно од територијата на Руската Федрација.

На 15 јули, Претседателот на Службата за безбедност соопшти дека до крајот на денот ќе бидат подготвени непобитните докази за вклученоста на Русија, заедно со картите, со сите сектори, што ќе му бидат доставени на Претседателот на Украина и потоа ќе бидат објавени.

«За последните три дена против Вооружените Сили на Украина беше употребен новиот руски ракетен систем за лансирање», - рече во својот настап Претседателот на Украина.
Исто така се потврдуваат, според неговите зборови, податоците за тоа дека во борбени дејствија против украинските сили земаат учество руските офицери.

На 15 јули, Претставникот на Украина при ЕУ, К. Елисеев предаде на ЕУ и на Европарламентот документирани факти за поддршка од страна на Русија на проруските вооружени формации.

«Ние обрнуваме вниманието на европските партнери на тоа дека од моментот на донесувањето на претходните заклучоци на Европскиот Совет од 27 јуни, кои содржеа низа конкретни барања од РФ, а исто така на тлото на успесите на антитерористичката операција, фактите на вмешаноста на Москва стекнаа посмел карактер» - истакна тој при тоа.  

Русија постојано изјавува за неопходноста од деескалирањето на ситуацијата во Донбас, продолжувајќи да го «пумпа» донбаскиот регион со современо оружје. Поради што?  

На 14 јуни, на прес-конференција, шефот на трауматолошкиот оддел на днепропетровската клиника „Мечников”, И. Жердев соопшти на прес-конференцијата за тоа дека ако порано во болницата пристигнуваа жртви со прострелни рани, тогаш сега, во основа, со рани од оружје за масовно уништување.

 

електронското изданије на весникот "Novatv.mk" , Амбасадарот на Украина во Република Македониja Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux