На 9 јуни 2015 год., министерот за надворешни работи на Украина П.А.Климкин одржа средба со делегацијата на Светскиот Конгрес на Украинците (СКУ), на чело со претседателот на СКУ Евгениј Чолиј.
Во центароот на вниманието беа прашањата на соработката со Украинците во странство, меѓу другото со Светскиот Конгрес на Украинците, активирање на напорите на украинската заедница, насочени на заштитата и јакнењето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина; привлекување на меѓународна поддршка на нашата држава.
За време на средбата беше потпишан Планот на активностите на Министерството за надворешни работи на Украина и Светскиот Конгрес на Украинците во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Кабинетот на министрите на Украина и Светскиот Конгрес на Украинците од 28.08.2014 год.
Учесниците на средбата се договорија за понатамошна координација на напорите со цел на реализирање на заеднички проекти меѓу Украина и СКУ.