• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
"НА РУСИЈА Ѝ ФАЛИ УШТЕ ДА ГИ ПРИЗНАЕ ВЕВЧАНСКИТЕ ПАСОШИ",статија привремен Вршител на должноста Амбасадор на Украина во Республика Макдонија Ростислав Палагусинец "Утрински весник"(01/03/2017)
01 март 2017 16:07

Веќе скоро три години по ред Русија го организира «крвавиот карневал» во Донбас, создавајќи марионетски влади и полнејќи ги со измислени ликови, не престанувајќи при тоа да ги снабдува со огномети. Изгледа надреално, сепак, тоа е тажна реалност која одзела живот на 9800 лица, 23000 се повредени, а 1,8 милиони лица беа приморани да ги напуштат родените домови и да започнат нов живот од нула.

            Драматичноста на сликата ја дополни неодамнешното потпишување на указ од В. Путин за признавање на територијата на РФ на псеудодокументите, издадени од лаѓните квазидржавни творевини, таканаречените „ДНР/ЛНР”. Овој гест е ништо друго туку уште една повреда на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, а и показно демонстрирање од Москва на намерата да го продолжи курсот на ескалирање на започнатиот од неа вооружен конфликт на истокот на Украина.

            Како што е познато, во меѓународната пракса признавањето на документите сведочи за фактичко признавање на таа или друга творевина. Така, Кремљ, дрско жонглирајќи со човечките права и хуманитарните цели, се стави уште еднаш над меѓународното право и фактички ја призна извршената од него окупација на делот од украинскиот Донбас.

            Последните изјави на претставниците на РФ за мотивите за признавање на споменатите документи потполно се спротивни од дејствијата на Русија на истокот на Украина. Така, камуфлирајќи ја својата агресија со хумани размислувања и псеудозагриженоста за правата на украинските граѓани на окупираниот дел на Донбас, Русија намерно продолжува да ја отелотворува политиката на заострување на конфликтот на истокот на Украина и дестабилизација на ситуацијата во регионот.

            Прво, токму поради злосторските дејствија на Русија на истокот на Украина и на Крим страдаат невини луѓе.

            Второ, луѓето кои живеат на окупираните територии се државјани на Украина и соодветно се обезбедени со документи на Украина.

            Трето, безусловен е фактот дека Русија е инспиратор и активен учесник на конфликтот на истокот на Украина и наместо да ги признава лажните документи на лажните творевини би можела лесно да ја реши ситуацијата. За тоа е потребно едноставно да го прекине своето учество во конфликтот. Но, сигурно, Кремљ пред себе става сосема друга цел.

            На крајот, симболично е тоа, што признавањето на докумнетите се случи на средбата на минисѕтрите за надворешни работи на  «нормандската четворка». Со такви дејствија руското раководство свесно ги поткопува меѓународните напори насочени на решавање на конфликтот на истокот на Украина во рамките на Нормандскиот и на Минскиот формат.

            Со оглед на тоа, дека споменатите творевини се незаконски и непризнаени, какви и да било издадени од нив документи се ништожни, не носат никакви правни последици и не можат да бидат основа за извршување на ниту едно правно значајно дејствие.      

            На таков начин Русија направи чекор кон легализирање на создадените од неа органи на власта на окупираните територии на Донбас, крајно застанувајќи на патот по грузиското и кримското сценарио во рамките на својата криминална политика за анектирање на заземените со вооружена агресија територии.

            Целта на Кремљ е непроменета – да се опустошат окупираните територии, да се создаде основа за замрзнат конфликт на Донбас и во целост да се дестабилизира ситуацијата во Украина.

            Познато е дека руската окупација на Крим, всушност, како и незаконските дејствија во Донбас спаѓаат под одредувањето на агресијата во согласност со точките а), b), c), d), e) и g) на членот 3 од Анексот на Резолуцијата на Генералната Асамблеа на ООН „Одредување на агресијата” (3314(XXIX)).

            Споменатите дејствија се сериозно кривично дело, кое повлекува со себе на меѓународна одговорност на Руската Федерација на државно ниво и меѓународна кривична одговорност на нејзиното раководство.

            Затоа, гореопишаните дејствија на Кремљ даваат јасен сигнал на сиот цивилизиран свет за потреба од зајакнување на санкциите против агресорот со цел на негово враќање во меѓународното правно поле.

           

Привремен Вршител на должноста Амбасадор на Украина во Република Македониjа Ростислав Палагусинец 

 

 

,

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux