• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
"БОМБАРДУВАЊЕТО НА АВДИЈИВКА – ВОЕНО ЗЛОСТОРСТВО НА МОСКВА",статија привремен Вршител на должноста Амбасадор на Украина во Республика Макдонија Ростислав Палагусинец "Нова Македонија"(08/02/2017)
08 фебруари 2017 12:45

БОМБАРДУВАЊЕТО НА АВДИЈИВКА – ВОЕНО ЗЛОСТОРСТВО НА МОСКВА

 

Минатата седмица забележан е максимален интензитет на раководење на оганот по украинските позиции од февруари 2016 година.

Бројот на прекршувањата на прекинот на огнот, кои секојдневно се забележуваат од Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, достигнува илјадници. Меѓу другото, според зборовите на првиот заменик на претседателот на СММ на ОБСЕ во Украина Александар Хуг, во вторник било забележано над 11 илјади – тоа се навистина показатели без преседан.

Руските окупаторски војски извршиле масовни напади по сета линија на судирот од сето расположиво оружје кај нив, вклучително и забранетите со Минските спогодби МЛРС «Град», артилерија со калибар 152 мм, 122 мм, минофрлачи 120 и 82 мм, тенкови, а исто така од стрелачко оружје.

Како последица на непријателските напади и обидите за пробивање на нашата одбрана, само на 2 февруари по нашите позиции пуштени се над 2 илјади гранати и мини, 11 воени лица загинале, 66 – се ранети.

Воените злосторници, кои непосредно се поддржуваат и се раководат од Кремљ, спроведуваа нишански оган во цивилните објекти, меѓу другото во центарот на Авдијивка, во кампот, каде постојано се хранат и греат жителите на градот, во училиштето, каде работи пунктот за собирање на хуманитарна помош и др.

Поради нападите врз станбените реони страда цивилното население: комплетно без електрична енергија останаа градовите Авдијивка и Јасинувата, без вода, електрична енергија и греење се наоѓаат повеќе од 400 илјади цивили од регионот.

Злосторствата не се ограничуваат само на една Авдијивка – руските хибридни војски ги нападнале и цивилните објекти во Марјинка, Красногоривка, Галицинивка, Сартан и во други населени места.

Украинската разузнавачка служба забележала зголемување на бројот на воената опрема како тенкови, САУ, ракетни системи МЛРС; муниција, оружје и руски војници, кои се пристигнуваат на окупираната територија на Донбас прерку неконтролираните делови од границата, што може само да сведочи за едно – за намерите на воено-политичкото раководство на Русија за понатамошна ескалација на борбените дејствија на истокот на Украина.

На 2 фебруари 2017 година Агенцијата за новинарски истражувања Bellingcat заедно со Conflict Intelligence Team го претставија извештајот “Human Shields in Donetsk: Launching Grads near a Residential Area”. Проанализирајќи ги постоечките во отворените извори фото- и видеоматреријали, а исто така сведочењата на очевидците, експертите го одредиле местата на сместувањето на МЛРС “Град”, кои од 31 јануари о.г. ја напаѓаа Авдијивка и позициите на украинските војски покрај градот.

Обработената маса информации дава можност јасно да се утврди дека најмалку на 31 јануари и 1 февруари о.г. од контролираната од руските окупаторски војски територија (Доњецк, реонот на хипермаркетот “Ашан”) се вршени пуштањата на ракетните системи МЛРС.

Едното место на пуштањата се наоѓа во 200 метри на исток од хипермаркетот, и помалку од 500 метри од училиштето и станбените згради. Другото место на пуштањето е во непосредна близина на патот. Некои од нападите се вршени дење, кога по заобиколниот пат се движеле цивилни автомобили.

Со оглед на близината на двете места на пуштањето до сместената во оваа месност на цивилната инфраструктура, каков и да било украински контранапад, за потиснување на огнот на ракетните лансери МЛРС, автоматски би ги изложила на ризик животите на цивилите, кои живеат во реонот. За пуштањата сигурно се користеле МЛРС БМ-21 «Град», чија шасија дозволува да се движат по терени без пат. На таков начин, сосема можело да се користи и друго место за пуштање. Затоа користењето на местото на пуштање неколкупати во непосредна близина од станбените квартови на Доњецк јасно укажува на тоа дека месноста била одбрана намерно, а животот на цивилите биле намерно изложени на ризик, користејќи ги како “жив штит”.

Нема сомнеж дека Русија и незаконските вооружени формации кои се наоѓаат во целосна подреденост на Москва, носат полна одговорност за уште едно заострување и сложена хуманитарна ситуација во Донбас.

Очигледно дека денешната ескалација во Донбас сведочи за тоа дека Русија продолжува смело да ги игнорира своите обврски од договорите од Минск, имајќи за цел да не дозволи стабилизирање на ситуацијата и постигнување на каков и да било прогрес во безбедносната и хуманитарната сфера.

Активирање на вооружени провокации на РФ во Донбас, чиј основен заложник станува цивилносто население од регионот, сведочи за потреба од продолжување на координиран меѓународен притисок врз РФ, со цел на принудување на Москва да ја запре агресијата и воените злосторства на територијата на Украина.

За никакво укинување на санкции против агресорот не може да стане збор додека тој зема активно учество во настаните на истокот, вклучувајќи ја окупацијата на Крим. 

Токму нашата способност треба да стане основен одговор на грабливата политика на Кремљ и на политиката на попуштањето на неговите пријатели.

Нека нема сомнежи кај никого: нике ќе ја браниме нашата земја! 

   

 

 

 

,

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux