На 2–4 декември, во Скопје, поминаа денoви на украинската кујна кои им дозволија на седум стотици присутни, сред кои претставници на дипломатскиот кор и бизнис-круговите, а исто така и симпатизерите на Украина, да се запознаат со гастрономската, музичката и традиционалната култура на нашата земја.
Кон промоцијата на Украина се приклучија професорот на Ужгородскиот национален универзитет Федир Шандор, познат закарпатски хуморист и општествено-политички деец Павло Чучка, а исто така и учесниците на музичкиот бенд «Рура» од Ивано-Франкивск.
Во втората половина од декември на телевизискиот канал Alfa TV ќе се емитира циклус од четири емисии со учество на познатата водителка на кулинарското шоу со висок рејтинг, Адриjана Алачки.