• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Представниците на пратеничката група за меѓупарламентарни врски со Република Македонија во вторник, на 23 мај, ја одржаа во Врховната Рада првата седница со Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Македонија во Украина Столе Змејкоски.
26 мај 2017 16:15

На средбата седоа учество раководителот на групата Андријй Шињкович, претседател на Комитетот за надворешни работи Ганна Гопко, а исто така и народните пратеници Дмитро Лињко, Роман Мацола, Володимир Мељниченко, Андриј Немировскиј и Виталиј Гуѕенко.

Пратениците го разгледаа со господинот Амбасадор зајакнувањето на меѓусебно корисната соработка меѓу двете земји. На средбата се работеше за тоа дека трговските спогодби на Македонија со земјите од Европската Унија се подобри од условите што ЕУ во оваа етапа и ги даде на Украина. Меѓу другото, тоа се однесува на дадените квотите за украинските стоки. Како што истакна Андриј Шињкович, меѓусебно корисната трговска соработка е еден од перспективните вектори на развојот на односите меѓу Украина и Македонија.

"Другиот вектор – тоа е размена на искуства преку размена на делегации на територијалните заедници, локалните пратеници, претседателите на селата, населбите и градоначалниците на градовите, и како последица, воспостваување паралелни односи преку селата, градовите, реони побратими, преку меѓусебниот туризам, размена на деца за рехабилитација, размена на студенти за одржување на заеднички конференции, тркалези маси", – подвлече Андриј Шињкович.

Од своја страна, Столе Змејкоски забележа дека економската соработка, трговијата и обемот на инвестициите имаат голем потенцијал, над што претставиците на земјите интензивно ќе работат.

"Создавањето на оваа група за соработка представува продолжување на традиционално добрата соработка меѓу нашите прекрасни земји и потврда е за одличните пријателски односи. Двете земји гледаат една во друга искре партнер, пријтел и сојузник и имаат голема заинтересираност за понатамошен развој на политичките односи, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво", – исто така соопшти дипломатот.

Освен тоа, тој истакна дека е потребно да се продлабочуваат меѓу народите историските и културните врски. По средбата народните пратеници и Столе Змејкоски одржаа брифинг.

Да потсетиме, пратеничката група за меѓупарламентарни врски со Република Македонија ја започна работата во Врховната Рада на 30 март. Основната цел на дејноста на групата е јакнење на украинско-македонските врски во политичката, економската и социјално-културната сфера, изнаоѓање на патишта за деловната соработка.

Во составот на пратеничката група замеѓупарламентарни врски со Република Македонија влегуваат: Дмитро Лињко (фракција на Радикалната партија на Олег Љашко), Андриј Гаљченко (фракција на политичката партија "Опозициски блок"), Олександр Герега (надвор од фракциите), Михајло Кобцев (БПП), Роман Мацола (БПП), Володимир Мељниченко (БПП), Андриј Немировскиј (БПП), Сергиј Скуратовскиј (фракција на Радикалната партија на Олег Љашко) и Виталиј Гуѕенко (БПП).

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux