• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
На 14 мај 2017 година, во рамките на 45 фестивал на „Мајските оперски вечери“, на големата сцена на Македонската опера и балет настапи „Нова Опера“ со музичко-сценскиот перформанс „Опера-реквием Јов“.
19 мај 2017 10:06

https://twitter.com/UKRinMKD/status/864054408245645313

     На 14 мај 2017 година, во рамките на 45 фестивал на „Мајските оперски вечери“, на големата сцена на Македонската опера и балет настапи „Нова Опера“ со музичко-сценскиот перформанс „Опера-реквием Јов“. Композитори се Роман Григорив и Илија Разумејко, диригент е Роман Григорив,  режисер Влад Троицки.

Настапија: Марјана Головко - сопран, Ана Марич - сопран, Олександра Турјанска - мецо-сопран, Андреј Кошман - баритон, Руслан Кирш - баритон, Јевгениј Ракманин - бас, Јана Марчинска - виолончело, Андреј Надолскиј - перкусии, Илија Разумејко - пијано, Александар Михајловски – наратор.

Опера-реквиемот „Јов“ претставува музички перформанс за препарирано пијано, виолончело, перкусии и гласови. Музиката на делото ги комбинира музичкиот минимализам и авангардната експресија, некласицизмот и рок-музиката. Полифоните хорски епизоди и инструменталните интерлудиуми се менуваат со делници што го користат целиот дијапазон на човечкиот глас: од класична, џез и фолклорна интерпретација, до дишење, врисоци, шепотења и аликвотно пеење. Опера-реквиемот „Јов“ претставува синтеза на грчката драма, барокната опера, формите на ораториум и реквием, со техниките на постмодерниот театар. Делото со себе ја носи „мистеријата на раѓањето на новиот звук на пијаното“ и ги изразува бескрајните можности на човечкиот глас.

Nova Opera е група од млади украински уметници чија цел е да истражува и создава нови начини на израз на музичкиот театар. Музичарите на Nova Opera креираат нови синтетички жанри и експериментираат со нестандардни, оригинални музичко-сценски перформанси. Музичкиот јазик на нивните дела не познава естетски граници и ги здружува во слободен израз авангардата и рок-музиката, грегоријанското пеење и трип-хопот, необарокот и фолклорните импровизации. Вокално-инструменталниот ансамбл на Nova Opera ги истражува бројните можности на човечкиот глас и користи неакадемски методи на изведба на музички инструменти како препарирано пијано, бит-бокс, човечки перкусии и други техники. Во нивните дела, достигнувањата на традиционалниот театар се комбинираат со придобивките на модерната технологија како ви-џеј перформансите и живата електронска музика.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux