







Вчера се одржа приемот на Амбасадата на Украина во Република Македонија по повод Денот на Независност на Украина. Во настанот зедоа учество повеќе од 300 лица, меѓу другото Претседателот на Собранито а РМ, Н.Е. г-нот Т. Џафери, Министерот за култура на РМ г-нот Р. Алаѓозовски, пратеници во Собранието на РМ, претставници од МНР на РМ и други министерства, дипломатскиот кор акредитиран во РМ, претставници на меѓународни организации акредитирани во РМ, научници и културни дејци во РМ, претствници на украинската дијаспора во РМ, Здружението на Украинците во РМ „Лесја Украинка”, претставници од бизнисот во РМ.
Особена чест и задоволство за присутните беше можноста да ги слушнат изведбите на укаринскиот бенд „Гудацка Тајстра”, да им се фосхитуваат на уметничките слики на украинската уметница од Скопје, С. Мељник и да го почувствуваат вкусот на богатата украинска кујна со јадењата, што ги приготвија претставничките на украинската дијаспора во Македонија.