• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Во парламентот на Македонија ја формираа групата за пријателство со Украина
08 септември 2017 15:50

На седницата на Собранието на Република Македонија, на 4 септември, беше донесено решение за формирање на пратенички групи за меѓупарламентарни врски со странски земји, меѓу другото и со Украина.

Во самата пратеничка група за пријателство со Украина влегоа:

Јован Митрески(раководител);

Мирослав Јовановиќ;

Васко Ковачевски;

Артан Груби;

Васил Пишев;

Драган Цуклев;

Антонио Милошоски.

Пратеничката група е создадена со цел за продлабочување на меѓупарламентарната соработкa меѓу земјите.

„Им честитаме на пратениците на новосоздадената група на почетокот на работата. Нашата страна ги поканува колегите на дијалог. Се надеваме на ефективна соработка и на корисни за нашите земји проекти, веќе во блиска иднина”, - истакна раководителот на украинската група, народниот пратеник Андриј Шињкович.

Да потсетиме, на 30 март 2017 година, во Врховната Рад на Украина, ја започна работата пратеничката група за меѓупарламентарни врски со Република Македонија. Во составот на групата влегоа народите пратеници Дмитро Лињко, Андриј Гаљченко, Олександр Герега, Михајло Кобцев, Роман Мацола, Володимир Мељниченко, Андриј Немировскиј и Сергиј Скуратовскиј.

Основната цел на дејноста на пратеничката група е јакнење на украинско-македонските врски во политичката, економската и социјално-културната сфера, изнаоѓање на патишта за деловна соработка.

http://ukrmkd.com/u-parlamenti-makedonii-sformuvali-grupu-druzhbi-z-ukrainoju/

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux